еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приведен 23-годишник кој пукал со гасен пиштол во Чаир

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 30.03.2025 година околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов” во населбата Чаир, од возило „ауди а3” во движење со скопски регистарски ознаки биле испукани неколку куршуми во воздух.

„Полициски службеници го обезбедиле местото и биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол, додека по преземени мерки, бил пронајден А.Д. (23) од Скопје, лицето кое го управувало возилото.

Со него бил извршен службен разговор, при што појаснил дека пукал од гасен пиштол “Зораки”, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир.

По насоки од јавен обвинител, пиштолот бил одземен и против лицето се поднесени соодветни поднесоци,“ велат од МВР.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управата за извршување на санкции вработува 18 лица, плата до 24.402 денари

Редакција

Нови 92 случаи на Ковид-19 од 1.176 тестови, 13 се реинфекции

Редакција

Груевски се јави за случајот „Плацеви на Водно“: „Чив имот сака да запленува Обвинителството? Имот кој ниту сум го купил, ниту платил“

Редакција