еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Проектот „Пејзажно искуство“ ќе биде претставен во Нови Сад

По реализацијата на едно од најдобрите национални преставувања на 59. издание на меѓународната ликовна изложба La Biennale di Venezia 2022, со проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, и по македонската премиера во текот на 2023 година, од 7. јуни, 20.00 часот проектот ќе биде претставен пред новосадската публика.

Мултимедијалниот проект ќе биде поставен во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад и ќе биде отворена за јавноста цел месец.

„Landscape Experience“ предоминантно се занимава со причините и апсурдите на човековата егзистенција, со убавото и грдото, со кризата на духот, но исто така се занимава и со доминацијата на капиталот, колонијалните политики, идеологиите и технологијата кои влијаат врз разобличувањето на рамнотежата на човекот, живиот свет и природната средина во екосистемот.

Куратори на проектот се д-р Ана Франговска и д-р Сања Којиќ – Младенов, а комесар директорката на Националната галерија д-р Дита Старова Ќерими.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кои се 154. џентлмени на мотори кои годинава собраа над 4.000 долари за машкото здравје?

Редакција

Работилници за врсничко насилство за учениците во Гевгелија во рамки на кампањата на „Макпетрол“

Редакција

Средношколци фармацевти од Кавадарци изработија спрејови за кожа, ќе ги подарат на жени вработени во училиштето и на сограѓанки

Редакција