еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Расте или не пазарот на обновливи извори на енергија во Македонија?

Пазарот на обновливи извори на енергија во Македонија бележи значителен раст во изминатите години. Според годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 2023 година, процентот на произведена електрична енергија од обновливи извори е во пораст благодарение на зголемените вложувања во соларни капацитети.

Во овој момент инсталирана моќност на електроцентралите од обновливи извори на енергија учествуваат со 50% од вкупниот капацитет, додека во вкупното производство нивниот удел изнесува 33%.

Трендот на инвестирање во обновливи извори се очекува да продолжи и во иднина со цел земјата да стане енергетски независна и да ги постигне стратешките цели за намалување на јаглеродниот отпечаток.

Ваквите резултати се совпаѓаат и со Националниот план за енергија и клима, кој има за цел Македонија до 2030 година да го зголеми уделот на обновливите извори и значително да ја намали емисијата на стакленички гасови.

Меѓу најзначајните инвестиции кои се очекува да се реализираат во следните години се оние од француската компанија Акуо Енерџи и инвестицискиот фонд Алказар Енерџи.

Акуо планира изградба на соларен парк во близина на Штип, што ќе го зголеми производството на чиста енергија од сонце и ќе помогне во намалување на увозната зависност на Македонија. Според најавите очекуваната инсталирана моќност ќе биде 400MW што ќе донесе производство на електрична енергија за стабилно снабдување на 94 илјади домаќинства во регионот.

Од друга страна, Алказар Енерџи ќе инвестира околу половина милијарда евра во најголемиот ветерен парк во земјата, исто така во регионот на Штип. Овој проект, кој ќе обезбеди електрична енергија за околу 100.000 домаќинства, и е клучен за зголемување на капацитетите за ветерна енергија во Македонија.

Според очекувањата ако се реализираат овие стратешки енергетски инвестиции, обновливите извори ќе достигнат значителен дел од вкупното производство на електрична енергија. Ова е важен чекор за Македонија, која се стреми да ги оствари европските енергетски и климатски цели, истовремено обезбедувајќи поевтина и стабилна енергија за своите граѓани.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска во Охрид се отвара бугарскиот клуб „Цар Борис Трети„, ВМРО-ДПМНЕ и Левица повикаа на протест, МНР апелира на достоинствено однесување

Редакција

Дел од пожарите во скопско се подметнати, вели Симоновски, командант на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје

Редакција

Кривична за Оливер Спасовски за обрасците за личните документи од „ЗНАМ“ на Максим Димитриевски

Редакција