еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

РЖ Услуги со зголемена загуба во третиот квартал

РЖ Услуги АД Скопје во третиот квартал од годинава остварил нето загуба од 16.661 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Во истиот период лани загубата била 6.405 илјади денари.

Истата е резултат, како што велат од таму, на намалените приходи остварени од услугите за обезбедување, услугите за пп заштита и зголемените бруто плати на вработените во обезбедување и вработените во пп заштита.

Оперативните вкупни приходи за овој периодот изнесуваат 135.118 илјади денари и истите споредено со истиот период лани бележат намалувањее од 6.310%.

Вкупните оперативни расходи за периодот изнесуваат 148.012 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓи Качурков, претседател на Одборот на директори купи 47.800 акции во РЖ Услуги

Ѓорѓе Качурков нов претседтел на Одборот на директори на РЖ Услуги

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Куманово, Прилеп, Дебар и Велес најмногу заразени со коронавирусот на 100 илјади жители

Редакција

Индикатори има, но не и најави за сериозен проблем во снабдувањето со гас за компаниите, вели Деспотовски

Редакција

Почина легендарниот Квинси Џонс

Редакција