еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Саем на креативни индустрии денеска и утре во „Лабораториум“

Во едукативниот културен центар „Лабораториум“ денеска и утре се одржува Саемот на креативни индустрии.

Организиран е од здружението „Балкан синема ситис“ и Унијата на македонски организации во креативните индустрии (УМПАКИ), со поддршка од Министерството за култура и туризам и Британскиот совет,

На истиот ќе се престават над 50 учесници од различни креативни сектори.

Како што најавуваат организаторите, посетителите ќе можат да видат неколку неверојатни технолошки и иновативни достигнувања.

Компаниите „Интетик“ и „Камај Медиа“ ќе ја претстават својата најнова видеоигра „Необичната приказна на Брајан Фишер: Второ поглавје“, која што излезе на почеток на месецов и е достапна на Xbox, Microsoft Store и Steam, а на Саемот ќе биде достапна за играње во специјално изработен простор, инспириран од необичната куќа на Брајан од видеоиграта, во којшто посетителите ќе може да влезат и во живо да решаваат интересни загатки.

Истовремено, преку виртуелно патување ќе може да се доживее низ античкиот театар во Хераклеја Линкестис.

Студиото „Висион ноктурн“ од Брисел, Белгија ќе ја претстави интерактивната инсталација „Човечка трага“, која со помош на вештачка интелигенција ги мапира движењата на телото на голем екран, а пак домашните студија „Зоотроп“ и „Флатформ филм“ ќе имаат инсталација на посебен простор за виртуелно „оживување“ на историски личности за интеракција со посетителите, која се базира на вештачка интелигенција.

Учествуваат и Шведската амбасада во земјава со проектот „Модата засекогаш“, повеќе средни училишта меѓу кои СЕТУ „Михајло Пупин“, САБА, Нова, како и Лабораторијата за производство „ФЕИТ ФабЛаб“ при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Факултетот за земјоделски науки и храна кои ќе ги претстават своите иновативни машини и производи.

Потоа, стрип здруженијата „Парагонс комикс“ и „Макстрипови“ и стрип авторот Дамјан Михаилов, претставници на домашни мали бизниси и поединци во креативните индустрии како Столарскиот едукативен центар, Кликер ИТ центар за деца, Партизанска штампа, и многу други, како и „Лаб дизајн маркетот“ со 14 локални брендови, сите обединети со заедничка посветеност на богатата традиција на македонската изработка, и многу повеќе.

Покрај изложбите и инсталациите, ќе се одржат и едукативни работилници за стрип за основци и средношколци, како и предавања за средношколци во соработка со Универзитетот „Еуропа Прима“.

Саемот, со својот едукативен карактер, е идеална можност за младите да се инспирираат, научат и откријат нови хоризонти во креативните индустрии.

Влезот е бесплатен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И се закани ли Јанева на власта за “Рекет“?

Редакција

(Видео) Грција го доби првиот ТВ презентер создаден со вештачка интелигенција

Редакција

Штипски „Бетон“ и грчки „Интеркат“ направија вонсудска спогодба да се откочи изградбата на новата Клиничка болница во Штип

Редакција