еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Се одржа 3. сестрински конгрес под покровителство на Клиника Жан Митрев

Во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од националното сестринско здружение „За нас“ а под покровителство на Клиника Жан Митрев, се одржа третиот годишен Конгрес на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри.

Тема на годинешниот конгрес беше „Автономија на сестринството, сега и во иднина“ и на тридневниот настан беа одржани над 60 предавања и панел дискусии од регионални и интернационални предавачи.

Присуствуваа над 400 учесници, а опфатени беа голем број едукативни теми со кои се придонесува за унапредување на сестринската професија во нашата земја.

Медицинските сестри од Клиника Жан Митрев, Жанета Богоевска Митева – член на научниот одбор, која освен што беше модератор на панел дискусиите се претстави со своја презентација на тема „Подобрување на здравствената нега преку дигитализација“.

Со теми поврзани за автономијата на сестрите при различни процедури свое експозе имаа Везире Тасевска „Автономија на сестрата при ЕКГ холтер мониторинг“, Весна Стојановска „Улогата на медицинската сестра при ласерски третман на васкуларни лезии“, Јулијана Цековска „Сестринска автономија во ендоскопска процедура“ и Светлана Ончева „Употреба на хипербарна комора“ која исто така беше и модератор.

Додека пак сестрите Сузана Костовска и Бети Игнатова се претставија со свој постер за „Значењето на сестринската автономија во ангиографска сала“. Специјален поздравен говор за поддршка одржа и д-р Емил Стоицовски – медицински директор на клиниката.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донација на ОКТА за топол дом на младинците од СОС Детско село

Редакција

Започна дистрибуцијата на пакети за ранливи групи донирани од Империал Тобако ТКС Скопје

Редакција

Каде јадат шампионите на РК Вардар?

Редакција