еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Рудник САСА продолжува со поддршката за одржливост на рибниот фонд на езерото Калиманци

Благодарение на тековната финансиска поддршка што ја обезбедува Рудник САСА, Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ набави дополнителна количина риба за порибување на езерото Калиманци, информираат од Рудниукот.

Во оваа прилика извршено е порибување на езерото со околу 2.000 килограми крап.

Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска поддршка наменета за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци.

Дополнителни финансиски средства се донираат и за набавка на потребната опрема за извршување на активностите на „Шаран“.

Оваа соработка со здружението на риболовци од Македонска Каменица е само еден дел од активностите кои Рудник САСА ги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржлив развој, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство

Редакција

(Фото) Првиот автомобил БМВ ИКС 1 од инстант лозот Мини и Макси отпатува за Битола

Редакција

Рамсторе со специјална понуда: Прехранбени пакети по достапна цена

Редакција