еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Денеска во Брисел Самит Европска Унија – Западен Балкан

Денеска во Брисел ќе се одржи Самитот Европска Унија – Западен Балкан, на кој ќе присуствуваат лидерите на Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово.

Македонија ќе ја преставува премиерот Димитар Ковачевски.

На крајот од Самитот треба да се усвои декларација, со која меѓудругото ЕУ планира да ги принуди земјите од Западен Балкан, кои досега не го направиле тоа, да се усогласат со нејзината заедничка надворешна и безбедносна политика и да воведат санкции за Русија.

Земјите од Западен Балкан, исто така, ќе бидат поканети да ја зајакнат сајбер безбедноста, меѓудругото, преку обезбедување на „безбедно распоредување на 5G мрежите преку сеопфатна примена на Алатникот на ЕУ за безбедност на 5G технологијата“.

Тој пакет предвидува исклучување или ограничување на употребата на опрема од кинеските компании Huawei и ZTE.

Теми ќе бидат и зајакнувањето на политичкиот ангажман на Унијата со земјите од регионот, доближувањето на овие држави до ЕУ со нивна на постепената интеграција и поставувањето основи за економски раст.

Од земјите, исто така, ќе биде побарано почитување на принципите и вредностите на Унијата, спроведување на неопходните реформски процеси, ќе се потенцира и неопходноста од регионалната соработка и добрососедските односи, со порака дека од земјите од регионот се очекува да ги решат меѓусебните билатерални спорови.

На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и претставници на Европската комисија, Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и на Советот за регионална соработка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Игротека од Неготино секој месец бесплатно ќе организира по еден роденден за дете од социјално загрозено семејство

Редакција

Агенцијата „Партнер“ го доби тендерот на општина Аеродром за привремени вработувања вреден 86.000 евра

Редакција

Полициски претреси кај три правни лица во Дојран пo наводите за фалсификувани ковид-сертификати

Редакција