еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река, како дел од Националниот парк Маврово, информираат од Министерство за животна средина и просторно планирање.

„Имено, локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб со недопрената букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од човекот во последните 100 години е призната за Светско природно богатство на УНЕСКО на антички и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа.

Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот на УНЕСКО ја донесене на вчерашната проширената 44-та сесија со која претседаваше Фужоу (Кина),“ се вели во соопштението.

Номинацијата ја иницираше Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавната установа Национален парк Маврово, а е изработена со поддршка на Институт за екологија од Клагенфурт, Австрија и национални експерти.

Фото: емагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но постојат ризици, вели заменик шефот на руската дипломатија, Грушко

Редакција

Дваесет и четиригодишно момче почина по пад при градежни работи

Редакција

Има куќа-подарок, вози Пежо 307: Каков имот пријавил Спасовски, идниот министер за внатрешни работи

Редакција