еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но постојат ризици, вели заменик шефот на руската дипломатија, Грушко

Нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но постојат ризици, изјави денеска за ТВ Русија-24, заменик шефот на руската дипломатија, Александар Грушко.

Според него, Русија смета на здравиот разум на НАТО за да избегне конфликт.

– Се разбира, постојат ризици од конфликт. Нема гаранции дека некои инциденти нема да се случат, рече Грушко, додавајќи дека Русија е загрижена за испораката на оружје на Алијансата за Украина и дека „сето тоа е многу опасно“.

Украинската служба за итни случаи, пак, денеска соопшти дека во руската инвазија се убиени повеќе од 2.000 украински цивили, а уништени се стотици објекти, вклучувајќи транспортни објекти, болници, градинки и домови.

„Децата, жените и одбранбените сили ги губат своите животи секој час“, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украински граѓани го блокираа пристапот на Русите до нуклеарната централа во Енергодар, најголема во Европа

(Видео) Украинците со голи раце ги сопираат руските возила: Снимки кои го обиколија светот

(Видео) Нападнат воено-медицинскиот клинички центар: Борбите во Харков се разгоруваат, откако руски падобранци се спуштиле во градот

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петков: Да се пушти Македонија на патот кон Европа, не значи дека се пушта во Европа

Редакција

(Видео) Протести на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и 15 градови: Се бара оставка на Заев

Редакција

Триесетина деца затруени со храна од кумановската градинка „Ангел Шајче“, затворена кујната, се земаат мостри и брисеви

Редакција