еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Нападнат воено-медицинскиот клинички центар: Борбите во Харков се разгоруваат, откако руски падобранци се спуштиле во градот

Нападите на вториот по големина украински град Харков се интензивираат и денеска откако руски падобранци слетале во градот.

Украинската војска потврди дека руските падобранци слетале во Харков во обид да го заземат опколениот град, јави Би-Би-Си.

Според украинската војска, воздушниот напад започнал токму кога почнале да се огласуваат сирените за воздушен напад во Харков и околниот регион.

Во соопштението се додава дека руските војници нападнале регионална воена болница и дека борбите се во тек.

Харков беше епицентар на голем дел од насилството забележано во Украина во последните денови и беше цел на гранатирање.

Вчера проектил го погоди седиштето на локалната власт на вториот по големина град во Украина околу 8 часот по локално време. Друг напад се случи подоцна во текот на вчерашниот ден во една од станбените населби во Харков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна нападот го нарече воено злосторство.

Најмалку 17 лица загинаа вчера во Харков, а десетици се ранети, според официјални лица од Службите за вонредни состојби.

Некои експерти шпекулираат дека артилериските напади врз станбените населби би можеле да бидат обид на Русија да ја ослабне решеноста на Украина за борба, посочува Би-Би-Си.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украинците со голи раце ги сопираат руските возила: Снимки кои го обиколија светот

(Видео) Русите со проектили ја уништија главната телевизиска кула во Киев

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана/видео: Твитер/Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики

Редакција

(Видео) Борисов се сретна со мајката на Пендиков и се закани дека Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев ако не се казнат виновниците

Редакција

Ја замолиле осомничената да го причува бебето додека да купат за јадење: Детали од Обвинителството за киднапирањето во ГТЦ

Редакција