еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Триесетина деца затруени со храна од кумановската градинка „Ангел Шајче“, затворена кујната, се земаат мостри и брисеви

Според првичните информации на надлежните од градинката „Ангел Шајче“ 30 деца од две до шест години, од три објекти „Пчелка“, „Синоличка“ и „Кокиче“ за време на викендот се пожалиле на симптоми повраќање, дијареја, болки и грчеви во стомакот, температура.

Дел од родителите пак,  ги одвеле децата на лекување во Скопје.

Директорката на градинката, Марина Алексовска на прес-конференцијата, изјави дека ги чекаат податоците од анализата на надлежните од Државниот санитарен здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и на епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје Куманово кои сè уште се во објектот „Пчелка“ и земаат брисови и потребни материјали за епидемиолошкото истражување.

Токму во овој објект се подготвувала храната за потребите на децата од овие три градинки, која од денеска официјално е затворена за работа, соопштија денеска и надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– Во петок две деца пројавија симптоми на температура, дијареја, ги повикавме родителите, ги зедоа. Оттогаш немаме информации дека имало јавувања на наши деца во болницата во Куманово.

Во недела навечер разбрав и се слушнав со Центар за јавно здравје, со Државниот санитарен инспекторат и со Агенцијата за храна и ветеринарство, рекоа дека денеска ќе дојдат и ќе почнат со епидемиолошко истражување на случајот, изјави Алексовска.

Таа појаснува дека не можат да потврдат за што конкретно станува збор, бидејќи треба да се направат микробиолошки анализи, да стигнат резултати од брисови, од кујната и од други места.

Алексовска информираше дека и самите одлучиле кујната да престане со работа, уште вчера, а денеска официјално е затворена од соодветните институции.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојаноски: Воспитан сум да сочувствувам со болката на пациентите

Силвана Жежова

Нов претседател на Општинската изборна комисија за Дебар е Рилинд Хаса

Редакција

Акционерите одобрија: Орце Камчев и Цветан Панделески може да ја купат биогасната електрана на ЗК „Пелагонија“ за 24 милиони евра

Редакција