еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Се отвори Центар за медицински иновации во Македонија

Минатата недела во Скопје се отвори Мединнова, центар за медицински иновации во Македонија. Центарот е дизајниран за лекари, професори, експерти, инженери, студенти по медицина, кои имаат страст за поттикнување иновации во здравствениот сектор.

Целта на овој центар е креирање на следната генерација иноватори во медицина и нивно насочување кон остварување на иновативни идеи. Мединнова ќе спроведе стручни едукативни програми кои ќе интегрираат претприемништвото, иновации и медицина, и ќе овозможуваат соработка со глобални центри за медицински иновации.

Центарот ќе го води доц. др. Билјана Костовска која е воедно и една од ко-основачите на овој центар.

„Идејата за ваков центар произлезе од потребата за поддршка на медицинските професионалци при развој на иновации во различни полиња на медицината. Повеќето доктори, вклучително и јас, кои долго време работат на одредена проблематика, веќе имаат многу иновативни решенија за унапредување и решавање на проблеми, но немаат каде да добијат помош и поддршка за реализација и развој. Мединнова ќе го понуди токму тоа,“ изјави Костовска.

Центарот ќе претставува еден медицински еко систем за поддршка, развој и финансирање на иновациите. Поддршката ќе се состои од интердисциплинарна соработка, подобрување на вештините, менторство и пристап до ресурси, овозможувајќи им на членовите да развијат влијателни иновации во здравствената заштита кои ја унапредуваат грижата за пациентите.

На настанот присуствуваа гости од иновативен медицински центар од Израел, проф, Др. Шаи Мелцер и проф. Михаил Мизрахи, кои ги претставија најновите глобални иновации во медицината и споделија добри практики за развој на слични центри во светот и придобивките на државата од истиот.

„Мединнова“ ќе нуди различни програми и сервиси, вклучително и: aкцелератоски и пре-акцелераторски програми за медицински иновации, интердисциплинарна соработка, пристап до лаборатории за тестирање и прототип, пристап до истражувачки центар, академска поддршка, експертско менторство и студиски размени, програми за соработка со глобални иновациски центри, пристап до можности за финансирање, инвестиции и платформа за поддршка од страна на медицинската заедница”, изјави Маја Сталеска, ко-основач на центарот.

Во склоп на отворањето на центарот, потпишана беше и соработка со Универзитот„ Гоце Делчев” од Штип, каде ќе се спроведува првата програма за медицински иновации за студентите по медицина во Универзитетот во Штип.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Новата Galaxy Note10 серија на паметни телефони официјално претставена во Скопје

Редакција

(Видео) „Фолтин“ како сaундтрак во новото видео на „When in Krushevo“ оутдор фестивал

Редакција

Вистинска предновогодишна атмосфера во Diamond Mall, со програма наменета за сите возрасти

Редакција