еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Нова книга од Ферид Мухиќ, „Бигор шарпланинецот“ ќе биде промовирана во среда во КИЦ

Промоција на новата книга од Ферид Мухиќ, „Бигор шарпланинецот“ ќе се одржи на 15 ноември (среда), во Културно-информативниот центар, со почеток од 19:19 часот.

Овој роман во раскази, во издание на Издавачки центар ТРИ, е извонредна ода за пријателството, за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и кучето преку која се срочува филозофијата за меѓучовечките односи, за пријателството и воопшто за сеопштата поврзаност во природата.

Според Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје, на кој проф. Мухиќ подготвуваше безброј студенти за влез во водите на филозофијата, оваа „трогателна сага“ е неверојатен прирачник за живеењето, навраќање кон вистинските вредности на животот. Мухиќ целосно маѓепсува со своите зборови, носејќи нè до едно друго ниво во нивната длабочина.

Филозоф и поет, научник и учител, Ферид Мухиќ има впечатлив опус со 52 објавени книги.

„Бигор шарпланинецот – приказни за пријателството и храброста“ ја надополнува не само авторовата биобиблиографија туку и македонската книжевна ризница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Локалните власти во Грција немале ентузијазам за менување на таблите со „Скопиа„, вели Османи

Редакција

Советот на ЕУ поддржува визна либерализација за Косово и повикува на дијалог со Белград

Редакција

На Груевски, Божиновски, Јанакиески и Димовски ќе им се суди за „Талир“

Редакција