еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Годишен концерт на Мандолинскиот оркестар: Наместо билет донесете електронски отпад

Мандолинскиот оркестар од Скопје утревечер (вторник, 14 ноември) ќе го одржи нивниот традиционален годишен концерт во Музејот на македонската борба со почеток во 20 часот.

Од оркестарот имаат одлична идеја, така што наместо билет, публиката која што сака да присуствува на концертот да донесе електронски отпад како истрошени батерии, стари телефони, кабелчиња и слично.

„Во соработка со Нула отпад, сакаме да ја подигнеме еко-свеста, затоа нема влезници туку ја мотивираме публиката да донесе стар електронски отпад. Секако, за погабаритниот отпад тие може да се јават во Нула отпад и бесплатно од дома ќе им биде подигнат.

Сакаме да влијаеме на подигнување на еко-свеста кај младите, но поканета е публика од сите генерации,“ изјави за еМагазин диригентот на Мандолински оркестар, Ерхан Шукри.

Со концертот се продолжува традицијата за мандолинско музицирање која трае повеќе од шест децении, но она што според Шукри е тажно е што, мандолинските оркестри во училиштата замираат.

„За разлика од порано кога низ училиштата вриеше од мандолински оркестри, за жал, кај нас мандолинското музицирање замира. Денес само во три основни училишта има мандолински оркестри. Потребна ни е поддршка од надлежните институции.

Освен што младите членови ние ги едуцираме и описменуваме, ја подигнуваме и нивната општа култура. Секаде каде што сме настапувале во светот сме ја презентирале нашата култура и уметност, а сме се враќале и со бројни награди,“ додава Шукри.

Нашиот соговорник потенцира дека Мандолинскиот оркестар е отворен за нови членови и дека нема да престанат да се борат да го продолжат мандолинското музицирање, основано од неговиот татко доајенот Рамадан Шукри.

Фото: Фејсбук/Мандолински оркестар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седуммина обвинети за настаните пред Собранието кои признаа вина, добија условни казни

Редакција

(Фото) Како изгледа кога пациент со корона вирусот е на респиратор: Цевката е во трахеа, заради болки сте под седативи

Редакција

Синот на Ахмети влегол во бизнисот со енергетика со пари што ги спечалил во швајцарска фирма, тврди лидерот на ДУИ

Редакција