еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Синот на Ахмети влегол во бизнисот со енергетика со пари што ги спечалил во швајцарска фирма, тврди лидерот на ДУИ

Во интевју за 360 степени, лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, кажа дека неговиот син Шкумбин Ахмети влегол во инвестици во енергетика со пари што ги спечалил во швајцарска фирма.

„Работел за швајцарска компанија околу 5-6 години. Тие добивки што ги имал со швајцарската компанија, кои се легални, може да се истражуваат од секоја државна институција и добивката што ја имал, ја инвестирал во енергетика“, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) КОД го исцрта бизнис стеблото на Али Ахмети и брат му Фекри

Пред 2001 во семејството Ахмети имаше само сточари и земјоделци, на раб на егзистенција, вели внук на Али Ахмети

Тој беше прашан и тврдењето на неговиот внук Фатмир Лимани, кој стана потпретседател на опозициската Беса, дека семејството на Ахмети до 2001 биле главно сточари и земјоделци, кои биле и на работ на егзистенцијата, а сега нивниот имот се мери во милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред 2001 во семејството Ахмети имаше само сточари и земјоделци, на раб на егзистенција, вели внук на Али Ахмети

„Не знам во колку се мери богатството на семејството. Јас за семејството можам да ви кажам дека лебот го обезбедилo со своја пот. Можеби и билo најбогатото семејство во околината. Кој имал млин пред 200 години, а семејството Ахмети пред 200 години имало млин со четири камења, за порано не знам.

Значи, мојот прадедо бил богат човек, сме имале многу богатство, секако и сме се занимавале со сточарство, како сите во тоа време. Имале стока, богатство, земјоделство, живееле добро, така што не сме биле од класа која немалa леб.

И сега не можам да им забранам, на пример, брат ми Фекри со распаѓањето на Југославија во тоа време со штедење од Швајцарија купил камиони од армијата, пренесувал камења, дрва, полека изградил каменолом.

Но, јас ги повикувам сите државни органи да се истражи сè до последниот атом. Нека се формира, ако не се верува во судските органи, формирајте комисии, преку медиуми, цивилното општество, од меѓународната заедница, нека се обелодени вистинaта“, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Селаудин Арифи, кој го купи кичевски „Жито Караорман“

Кичевски „Жито Караорман“ откако го купи Селаудин Арифи доби нов Одбор на директори

Тој беше прашан и за фирмата на Селаудин Арифи, таткото на свршеницата на неговиот син Шкумбин, „А. С. Сењак“, која на годишно ниво има обрт од по 5-6 милиони евра.

Ахмети објасни дека фирмата на сватот е стара, а неговиот син сè уште не бил во официјализирана врска.

„Во однос на Селаудин, тоа е стара компанија, уште пред прогласувањето на независноста, од 90-тите години. Не знам зошто се поврзува ова со сватовско прашање. Син ми и ќерката на Селаудин создале врска, но сè уште не е официјализирана. Син ми е архитект, има своја канцеларија…“, рече Ахмети.

Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета: Граѓаните со ниска доверба во институциите и политичките партии, најмногу им веруваат на верските заедници и на војската

Редакција

По 5 месеци потврдено дека телото извлечено од бездна кај Демир Капија е на Илија, кој се водеше како исчезнат 2 години

Редакција

7 лица се хоспитализирани, повеќето се мажи, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција