еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кој е Селаудин Арифи, кој го купи кичевски „Жито Караорман“

Како што објави еМагазин, Селаудин Арифи, сопственикот на „АС Сењак“ увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ планира да го преземе Жито Караорман АД Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селаудин Арифи го презема кичевски Жито Караорман, купи 5.600 акции

Тој од акционерот Сретен Миладиноски деновиве купи 5.600 обични акции или 50.67% од акциите со право на глас издадени од Жито Караорман и сега поседува 8.199 обични акции или 74.19% од вкупниот број на издадени акции на Друштвото.

Претходно „АС Сењак“, како што објави еМагазин, продаде 3.112 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово и повеќе не поседува акции во Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„АС Сењак“ ги продаде сите акции во Жито Полог

Кој е Селаудин Арифи

За Арифи и неговата компанија „АС Сењак“, истражување неодамна објавија КОД и Телма кое покажа дека имал финансиски релации со компанијата “Торх индустрис“ на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, лидерот на владејачката ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„

Како што објави КОД, Арифи е сват на Али Ахмети, односно неговата ќерка е верена за Шкумбин, синот на Али Ахмети.

-АС Сењак има акции во Европа АД Скопје, има раширена нискоградба, пред неколку месеци, друга фирма чиј сопственик е од сватовската фамилија Арифи купи голема бензинска пумпа на влезот во Кичево, а истовремено неколку месеци на кичевски таблички го префрлија и над 400 илјади евра скапиот Ролс Ројс – фантом, кој откри многу врски меѓу бизнисите на членови на семејството на Али Ахмети, објави КОД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) КОД го исцрта бизнис стеблото на Али Ахмети и брат му Фекри

Вредноста на две компании на внукот на Ахмети, Дрин е околу 8 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Ново визуелно ребрендирање на ВМРО-ДПМНЕ: Кои се новите бои на партијата

Редакција

„Во Тетово на свадба наместо пирошка давале парацетамол“: Твитер реакции

Редакција

Македонија гласала воздржано за резолуцијата за прекин на огнот во Газа, оти не бил спомнат терористичкиот напад на Хамас

Редакција