еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ФОТО) Ново визуелно ребрендирање на ВМРО-ДПМНЕ: Кои се новите бои на партијата

Покрај најавата за нова политичка стратегија на ВМРО-ДПМНЕ, насловена како „Македонија за сите луѓе“ , лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави и ново визуелно ребрендирање на партијата.

„Партиските бои сите добро знаете се црвена и црна. А државните бои црвена и жолта. Овие три бои се симбол на нашиот патриотизам и тие не’ обединуваат сите. Ова се јасните бои на Македонија и ВМРО, но и помеѓу постојат повеќе нијанси, коишто опфаќаат повеќе категории на луѓе.

Сите овие категории имаат свои специфики, аспирации, желби, капацитети, потреби, светогледи и вредности кои нив ги дефинираат,“ додаде Мицкоски.

Според него, црвената е за оние на кои крвта им е врела, кои сакаат добробит за македонските градови и села.

„И за оние на кои црната им е важна, кои жалат по Гоцевите идеали и сонуваат да ги поправат последиците од катастрофалните национални порази кои ги донесе Заев. И за сите оние кои пропатеа од црнилата на оваа власт, на кои што тешкиот живот им е секојдневие, за мајките, татковците, браќата и сестрите на кои режимот на Заев им одзема нешто, а на многумина и самиот живот.

Жолтата за оние кои веруваат во вистинска демократија, кои се борат за човекови права, кои имаат енергија и виталност, предизвикува среќа и радост, но и веруваат во тој долго ветуван европски сон.

Белата за оние кои веруваат во слободата и кои се борат за иднина, како нов почеток, нова победа, нов успех.

Сивата е за обесхрабрените, оние кои овој хибриден режим ги осиромаши и понижи, кои ги избркаа од работа, а децата им ги избркаа од државата. Оние кои ги условуваат со социјалната помош и земјоделските субвенции. Оние кои и покрај маката имаат мотив, големи срца и никогаш не потклекнаа.

Аловата, аловата светло црвена е за младите кои се наша иднина и иднина на нашата Македонија. Кои поседуваат идеи, знаења, вештини, имаат потенцијали и капацитети да ја носат Македонија на свој грб и да ја направат многу поуспешна од многу други земји, затоа што имаат премногу енергија, а наше е да им создадеме шанса и можност.

Бордото е за оние кои ја бараат правда, правда за себе и правда за Македонија. Кои се за вистинско владеење на правото, за редот и поредокот, за стабилноста и предвидливоста, кои сакаат правен систем кој ќе ја стимулира економската активност и ќе ги руши бариерите за подобро утре.

Портокаловата, за оние кои сакаат да работат. Кои знаат да работат. Кои знаат со свој труд да остваруваат успеси. Таа е за претприемачите, за бизнисмените, за носителите на економскиот живот.

За секој еден човек кој со свој труд и со трудот на своето семејство создава, остварува и гради,“ појасни Мицковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонија за сите луѓе“: Мицкоски на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ најави нова политичка стратегија

(ГАЛЕРИЈА) 31 година ВМРО-ДПМНЕ: Роденденот прославен во Антички театар во Охрид

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанецот Ајровски доби мерка притвор во Драч, откако во камионот што го управувал беа откриени 324 килограми кокаин

Редакција

ПРИЗМА: Јанева зела 157 илјади евра за „додаток за доверливост“ и други надоместоци

Редакција

Судот му одреди на Сашо Мијалков ефективен притвор, ќе биде спроведен во затворот „Шутка“

Редакција