еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) КОД го исцрта бизнис стеблото на Али Ахмети и брат му Фекри

Внукот од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети продолжува да биде топ тема во јавноста, но и во медиумите.

Како што е познато, тој за без пари се стекна со 39% од “Соравиа“, а неговото име како сопственик, косопственик или управител фигурира во четири фирми.

КОД, кој се емитува на телевизијата Телма го исцрта братското стебло на семејството на Али Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„

Каков имот пријавил Али Ахмети

Според КОД, 39%-те проценти од Соравиа се уште не се заведени на име на Дрин Ахмети во Централниот регистар, но му се заведени сопственички или управителски позиции во четирите фирми: „Тхор индустрис“, фирма за за развој на градежни проекти со подружница за компјутерски консултантски услуги, „Еверест ЏД“ која се занимава со нискоградба и која има лиценца за ископ на минерални суровини и лиценца за хидроцентрала, „Хелиос плант“ и „Потам плант“, кои се фирми за производство на струја.

-Поврзаноста на фирмите го открива и братското бизнис стебло на семејството на лидерот на ДУИ од Зајас. Дрин и Бесиан се синови на Фекри Ахмети, кој му е брат на Али Ахмети. Со исто презиме веднаш до нив е Шкумбин Ахмети – синот на Ахмети.

Внукот на Али е скромен во поседувањето, сега е дипломат испратен во Брисел од министрите на ДУИ, Бујар Османи и Крешник Бектеши за да прибира инвестиции. Бил економски промотор и на крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Сопственик е само на Хелиос Плант, заеедно со братот Дрин и братучедот Шкумбин Ахмети, објави КОД.

Шкумбин Ахмети пак е сопственик на фирмата за производство на струја “Хелиос Плант“, а ја има и фирмата „Архитектас пројект студио“ – Зајас.

-Во бизнисот за струја влегува со фирмата „Тхеас енергу“, а преку таа фирма влегува и во фирмите “Мега повер“ заедно со израелец и индиец. Минатата недела, синот на Али Ахмети преку Енергу добива удел и во фирмата “Мега С Повер“, што е официјално заведено во Централниот регистар.

Братското стебло од следната генерација на Ахмети е дополнета и со уште еден лик. Куштрим Смаилаи. Тој е зет за ќерка на Али Ахмети. И тој има разгранет список на фирма. Доаѓа од Ѓаковица, објави КОД.

Целото издание на КОД, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе истражи ли семејниот пријател Абази како внукот на Ахмети стекна 39% од “Соравиа“ без пари

Фото: Телма/Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 259 болни од Ковид-19

Редакција

Викендов облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег

Редакција

(Видео) Малиот Ајнур доби шанса за живот со комплексна операција на срцето

Редакција