еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација ја намали затворската казна за Јанакиески за „Титаник 1“, ја укина за Јанкулоска

Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по случајот „Титаник 1“, по одржана jавна седница на 4 мај годинава, преиначи дел од казните за обвинетите во овој предмет, а дел ги потврди.

За Мартин Протуѓер останува условната осуда, за Миле Јанакиески затворската казна се намалува за девет месеци и сега ќе треба да одлежи 3,6 години, Гордана Јанкулоска сега доби условна осуда наместо 2,5 години казна затвор, a Мунир Пепиќ, исто така доби условна осуда наместо една година затвор.

Обвинети во „Титани 1“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот генерален секретар на тогашната влада, Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, како и уште други 12 обвинети.

Тие се обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои компании од берзата прават профит, а кои работат со загуба?

Редакција

Фијат Цановски ќе бара отштета од 40 милиони евра за уривањето на „Космос“

Редакција

Од Ковид-19 починале 13 лица, најмладиот на 42-годишна возраст

Редакција