еМагазин
Image default
Бизнис

Расте бројот на должници на Листата на должници на УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници бр.07/2023 за долгови доспеани до 31.03.2023 и неплатени до 30.06.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата се објавени 1.785 должници – правни лица (повеќе за 18 од претходната листа) и 3.413 физички лица (повеќе за 45 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 8.711.691.182 денари, (повеќе за 230.721.048 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.528.229.561 денари, (повеќе за 214.057.472 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.461.621 денари (повеќе за 16.663.576 денари од претходната листа).

Целата листа ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите должници на Листата на должници на УЈП во јули

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на ПИОМ за набавка на пикап вреден 13.000 евра

Редакција

„Гересхајмер“ отвори фабрика во Бунарџик, инвестиција од 25 милиони евра и 400 работни места

Редакција

Владата сè уште нема конечен став околу отворањето на границите и аеродромите

Редакција