еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во апартманот на убиениот Орхан Бајрами Оки имало и две жени

Убиството на Орхан Бајрами Оки (39), неформалниот водач на кланот „Дуќанџик“, за кое грчката полиција води истрага, не престанува да ја бранува македонската јавност.

Грчките медиуми секојдневно откриваат нови детали, а според порталот newsit.gr во апартманот во Сани Вилас во Ханиоти на Халкидики, со Бајрами престојувале и две жени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Убиениот Орхан Бајрами Оки престојувал во апартман во Ханиоти кој чини 600 евра на ден, заедно со уште четири лица

Според извори од грчката полиција во апартманот се наоѓале пет лица на возраст од 19 до 45 години, сите од Македонија, меѓу кои и Сеад Слезовиќ (45), кој е ранет во десниот дел на градниот кош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пријателот на Орхан Бајрами Оки, кој беше ранет при неговото убиство е во стабилна состојба

Сведок кој бил во близина на местото за newsit.gr вели дека не слушнал пукање, туку дека само ги слушнал жените како викаат за помош.

Останатите гости од хотелот сфатиле дека нешто се случило кога жените почнале да викаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти

(Фото) Убиството на Орхан Бајрами Оки било најавено на Тик-Ток

На местото на убиството во надворешниот дел од изнајмениот апартман полицијата пронашла 19 чаури, еден куршум и шаржер.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банките наплаќаат просечна камата од 4,89% на кредитите, а даваат 1,11% за штедните влогови

Редакција

Заев: Етничката припадност во личните карти не е спротивна на Преспанскиот договор

Редакција

Меџети од “огнените“ денеска почна процедура за формирање на ново движење

Редакција