еМагазин
Image default
Македонија

Пријателот на Орхан Бајрами Оки, кој беше ранет при неговото убиство е во стабилна состојба

По вчерашниот инцидент, Амбасадата на Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со официјалните претставници на институциите на Грција и за сите промени редовно известуваат во централата на Министерството за надворешни работи во Скопје, соопшти МНР.

Според информациите добиени од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е хоспитализиран повредениот од вчерашниот инцидент во Халкидики, повредениот е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност, стои во соопштението на МНР.

Оттаму додаваат дека дипломатско-конзуларната мрежа на Македонија во Грција е активна, и покрај редовните известувања, стои на располагање и за евентуални потреби на нашите институции.

Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи на Македонија, во делот на оперативната соработка веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти

(Фото) Убиството на Орхан Бајрами Оки било најавено на Тик-Ток

(Фото) Убиениот Орхан Бајрами Оки престојувал во апартман во Ханиоти кој чини 600 евра на ден, заедно со уште четири лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале седум лица во изминатото деноноќие

Редакција

Помпео воодушевен од Охридското езеро: Нашите односи уште повеќе ќе се засилат

Редакција

За два стана и автомобил вреден 18 илјади евра директорот на Инспекторатот за градежништво нема доказ за потекло на имот

Редакција