еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти

Информацијата за убиството на Орхан Бајрами Оки (39) во Ханиоти, Грција е топ тема во македонската, но и кај грчката јавност.

Македонските медиуми пишуваат дека тој е неформален водач на кланот „Дуќанџик“ и дека станува збор за мафијашка ликвидација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Убиството на Орхан Бајрами Оки било најавено на Тик-Ток

(Фото) Убиениот Орхан Бајрами Оки престојувал во апартман во Ханиоти кој чини 600 евра на ден, заедно со уште четири лица

Агенцијата Макфакс објави дека тој и е познат на македонската јавност како дел од мафијашкото подземје и дека бил инволвиран во неколку вооружени инциденти.

Познат е и за македонската полиција.

-Пред неговото убиство, во март годинава, беше убиен негов близок пријател, Јетон Кривањева Жила, во Старата скопска чаршија. Слично како и убиството на Оки, и во случајот на Жила, убиството беше извршено од неколку лица кои со автоматски пушки влегоа во кафуле и пукаа. Жила, исто како и Оки, важеше за еден од главните водичи на „Дуќанџик“.

Пред 14 години, исто така во јули месец, беше убиен Агим Шерифи од Синѓелиќ, кој пак е вујкото на сега ликвидираниот Орхан Бајрами Оки. Шерифи беше фрлен во депонија. Роднинската врска меѓу нив двајца е преку сестрата на Шерифи, чиј внук е Оки.

Групата чиј неформален водич беше Орхан Бајрами Оки, се поврзуваше и со пукањето во хотелот „Александар Палас“. Додека членови на „Дуќанџик“ седеа внатре, непознати напаѓачи пукаа кон хотелот.

За сите овие убиства, досега, нема ниту осомничени, ниту осудени сторители, пишува Макфакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познат идентитетот на бизнисменот од Скопје кој е убиен во Ханиоти и на неговиот ранет пријател

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикалната минимална кошничка во јуни зголемена за 3.400 денари во однос на јануари

Редакција

Пополнети капацитетите на инфективното одделение во кумановската болница

Редакција

(Фото) Историја: Дејан Георгиевски ќе се бори за златен медал на Олимписките игри во таеквондо

Редакција