еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Синдикалната минимална кошничка во јуни зголемена за 3.400 денари во однос на јануари

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесуваат 39.710 денари и во однос на јануари се зголемени за 3.399 денари или за 9,49 проценти.

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), каде на месечно ниво ја прават синдикалната потрошувачка кошничка, информираат дека за една година синдикалната кошничка е зголемена за 5.498 денари или за 16 проценти.

– Порастот на цените и растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема, за месец јуни изнесува 14,5 проценти и влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население, оценуваат од ССМ.Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради порастот на цените. Најголемо зголемување во јуни има кај храната и пијалоците.– ССМ бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат причина веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор  со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и истите да се зголемат платите за најмалку 2.806 денари во нето на секој работник во јавен сектор, велат од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драстичен раст: Инфлацијата во јуни 14,5%

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да спасиме два млади животи на кои треба да им се донираат бубрези

Редакција

Осум лица приведени, повредени седум полицајци во протестот за „Монструм“

Редакција

Се додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија, вели Битиќи

Редакција