еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осум лица приведени, повредени седум полицајци во протестот за „Монструм“

Осум лица се приведени и се уште се работи на случајот, а повредени се седум полицајци во денешниот протест за „Монструм“, потврдија од МВР.

Организаторите, откако ги испорачаа своите барања во врска со „Монструм“, но и за други судски случаи и откако дел од демонстрантите фрлаа со камења и други предмети кон полициајците, го прогласија протестот за завршен.

Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо.

Во своите изјави организаторите бараа меѓународни експерти да ги преиспитаат случаите „Монструм“, „Алмир“, „Алфа“, „Харун Алиу“, „Бродец“ и други, а некои од нив побараа од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да ја напушти Владата.

„Бидејќи ниту една Влада не презема ништо во врска со овие прашања, ни останува само да им се обратиме на меѓународните институции“, порачаа учесниците на протестот.

Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, ги повика учесниците во протестите на смиреност и вети дека ќе преземат се што можат како пратеници „да биде задоволена правдата во овие случаи“.

Поранешниот потпретседател на Собранието, Хисни Шаќири, исто така, побара од учесниците во протестот да бидат смирени.

Протестот беше организиран поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ по изрекување доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.

МИА/Фото: МИА

(ВО ЖИВО) Демонстрантите за случајот „Монструм“ го нападнаа полицискиот кордон, неофицијално има повредени полицајци

Протестот за „Монструм“ заврши, дел од учесниците се обидоа да предизвикаат инциденти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секоја држава самостојно да одлучи за вакцината „АстраЗенека“, препорачуваат од Европската агенција за лекови

Редакција

Нови 298 случаи на Ковид-19 од 2.831 тестирања

Редакција

Нови 2.341 случаи на Ковид-19, реинфекции се 308, еден случај е зараза по третпат

Редакција