еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Протестот за „Монструм“ заврши, дел од учесниците се обидоа да предизвикаат инциденти

Организаторите, по испорачаните барања, го прогласија протестот за „Монструм“ за завршен.

Дел од учесниците во протестот одбија да се повлечат и фрлаа со различни предмети кон полицискиот кордон. Поединци од протестот се обидуваа да предизвикаат инциденти.

Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо. Полицијата се обидуваше да ги растури насилните групи.

Учесниците во протестот во еден момент беа на дистанца од стотина метри од полицискиот кордон и се наоѓаа на локацијата на Бит Пазар. Полицискиот кордон ги потисна демострантите кои предизвикуваа инциденти и во моментов ситуацијата е смирена.

Според претходните најави, демонстрантите планираа да се движат од паркот во Чаир, кон судовите, па до Владата, каде се очекуваа и изјави за медиумите.

Меѓутоа во еден момент поради проценка дека се можни провокации, полицијата го спречи нивното движење и тие останаа на локацијата кај Бит Пазар.

– Бидејќи ниту една Влада не презема ништо во врска со овие прашања, ни останува само да им се обратиме на меѓународните институции, порачаа учесниците на протестот.

Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, ги повика учесниците во протестите на смиреност и вети дека ќе преземат се што можат како пратеници „да биде задоволена правдата во овие случаи“.

Поранешниот потпретседател на Собранието, Хисни Шаќири, исто така, побара од учесниците во протестот да бидат смирени.

Учесниците во протестите бараа од полицајците да им го ослободат патот за да продолжат по претходно планираната маршута.

Протестот е поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ по изрекување доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 годиниза обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВО ЖИВО) Демонстрантите за случајот „Монструм“ го нападнаа полицискиот кордон, неофицијално има повредени полицајци

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) МВР откри лабораторија за производство на марихуана во Булачани

Редакција

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат расправата за уставните амандмани да се пренесува во живо

Редакција

(Галерија+Видео) Празнична магија во Ист Гејт Мол

Редакција