еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 554 случаи со Ковид-19 од 3.477 тестирања

Нови 554 случаи на Ковид-19 се потврдени во изминатите 24 часа од 3.477 направени тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Од нив, 258 се од Скопје, 51 од Кавадарци, 41 од Прилеп, 25 од Куманово, 22 од Неготино, 18 од Охрид, 16 од Тетово, 13 од Струга, 12 од Гевгелија, 11 од Битола,  по десет нови случаи се потврдени во Велес, Струмица и Крива Паланка, осум во Штип, седум во Кичево, по шест во Гостивар и Валандово, пет во Крушево и Богданци, по четири нови случаи имаат Пробиштип и Демир Хисар, три – Кочани, два – Делчево и по еден нов заразен e регистриран во Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево.

Од почетокот на епидемијата во Македонија, пред точно една година, ковид-дијагностицирани се вкупно 101.762 лица, а направени се 516.169 тестирања. Бројот на оздравени е 90.895, а починаа 3.119 пациенти.

Активни случаи во земјава има 7.748. Од нив, 3.421 се во Скопје, а трицифрени активни случаи имаат: Прилеп 604, Кавадарци 559, Охрид 403, Тетово 272, Куманово 256, Велес 250, Делчево 184, Неготино 183, Струга и Гевгелија по 172, Струмица и Битола по 168, Гостивар 138 и Штип има 122 активни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 210 лица кои боледувале од Ковид-19

Починаа уште осум лица од Ковид-19, вкупно 3.119

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Сопругата на Пендаровски искористена за крадење на податоци од граѓани на Фејсбук

Редакција

Трагедија: Двегодишно дете се удави во канал за наводнување во атар на село Долно Чичево

Редакција

(ВИДЕО) Американски дипломати на македонски раскажуваат за предизвиците на учење на нашиот јазик

Редакција