еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пред 2001 во семејството Ахмети имаше само сточари и земјоделци, на раб на егзистенција, вели внук на Али Ахмети

Фатмир Лимани, внук на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети за „Фокус“ цели дека до пред 2001 година имало само сточари и земјоделци, кои секогаш биле на работ на егзистенцијата.

Тој порано беше дел од партијата, а сега е потпретседател на опозициската Беса.

-Јас ги познавам, фамилија сме, кои биле, колку имале, со што се занимавале пред 2001 година и после. Биле сточари и земјоделци и секогаш на работ на егзистенција, целата фамилија Ахмети, вели Лимани за „Фокус“.

Нивното богатство, според него го стекнале после војната на сомнителен начин и според него сите институции да се ангажираат нема да можат да го најдат крајот на нивниот криминал.

-Искористија непотрошени фондови кои останаа после војната во 2001 година, а за кои средства не дадоа конечна информација за потрошениот фонд „Повикува родниот крај“ и „Народното ослободување“, над 5 милиони швајцарски франци, долари и тогашни марки.

Ја искористија позицијата на лидерот Али Ахмети при секоја тендерска постапка во сите институции, обвинува Лимани.

Тој вели дека треба да се анализираат постапките за доделување на лиценци за хидроцентрали со капацитет од 1 мегават на Бачишка река и делот на Попова шапка, каде се учесници по други фирми.

-Искористија фондови од Министерството за земјоделство, субвенции, парцели, пасишта. Искористија лиценци од Министерството за транспорт и врски за присвојување на земјиште во секој дел на државата, поконкретно во Буковиќ, каде што имаат вила каменоломи, бачила, пасишта.

Искористија лиценци од Министерството за екологија со кои се дел од 10 мегавати фотоволтаична централа во РЕК Осломеј, која е градена без довола и влезена во систем без дозвола и илегално продаваат електрична енергија и со 55 мегавати фотоволтаична централа што ја градат Турците без дозвола, обвинува Лимани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе истражи ли семејниот пријател Абази како внукот на Ахмети стекна 39% од “Соравиа“ без пари

Порачува дека треба да се контролира во детали имотот на синот на Ахмети, Шкумбин, ќерката, Ускана, на внукот Дрин Ахмети, на братот Фекри Ахмети и самиот Али Ахмети. Потоа партискиот објект во Скопје, во Чаир, објектот на партијата во Тетово, кој според Лимани се лично на Ахмети, а се водат на име на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Али Ахмети

Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„

Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дури половина од 101. новозаразени со корона вирусот немале контакт со потврден случај

Редакција

Анализа на Стратфор: Можно насилство и немири пред референдумот за името, но и по него

Редакција

Три млади лица загинаа во сообраќајка во Кичево

Редакција