еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За ВМРО-ДПМНЕ на маса се само предвремени парламентарни избори, другите опции повеќе не важат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски синоќа во интервју за Канал 5 изјави дека за партијата, бидејќи нема одговор од лидерот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, на маса останува само опцијата предвремени парламентарни избори.

-Четири недели Ковачевски имаше можност да избере меѓу двете наши понуди, но од денеска тие веќе не важат и има само една опција – предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.

Тој рече посочи дека не само што власта и опозицијата не преговараат, туку и дека се и многу далеку од преговори.

-Нашата позиција е јасна, ние играме со отворен гард. Двете опции што ги понудив на лидерската средба беа на маса до овој момент, но се уште не слушнав од Ковачевски која опција ја прифаќа, првата или втората. Од денеска има само една опција на маса – предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.

Според него, можно е сценарио ВМРО-ДПМНЕ да има 61 пратеник, а последната опција е коалиција со ДУИ, особено со актуелното раководство на оваа партија.

-ВМРО-ДПМНЕ има јасен став дека последната варијатна за соработка е ДУИ, посебно со ова раководство на ДУИ и се ќе направиме иднината Влада да биде без ДУИ и тука нема дилема, подвлече Мицкоски.

Тој нагласи и дека условувањето за ЕУ е бугарски диктат, а нема подобро од тоа, како што истакна, земјава да почне преговори со зачуван идентитет.

-Нема да прифатиме ваков диктат. Сакаме процес за ЕУ што ќе почне и ќе заврши. Подготвени сме да разговараме за се, но имаме свои правила за овој народ и оваа држава, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека нема да се случи, како што рече, пратеници од неговата партија да гласаат за уставните измени. За нови разговори со Ковачевски, пак, може да се размислува само ако се за дата за предвремени избори.

-Може да седнеме да разговараме за дата за предвремени избори час поскоро. Ние дури и предложивме измени во Изборниот законик – да не важи техничката влада за предвремени избори. Според ДИК, потребни се околу 55 дена, подготвени сме да го забрзаме тој процес, подвлече Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе чека: Рестриктивни мерки на локално ниво во зависност од бројките во следните три дена

Редакција

Се уште немаат достоен споменик: 20 години од загинувањето на десетте бранители кај Карпалак

Редакција

(Фото) Македонката Татјана Јанушева во новите колекции на Prada, Gucci, Sportmax и Alexander McQueen: Моден ангажман за престижниот магазин Collector

Редакција