еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонката Татјана Јанушева во новите колекции на Prada, Gucci, Sportmax и Alexander McQueen: Моден ангажман за престижниот магазин Collector

Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева продолжува со успешните кампањи од нејзиниот последен престој во Милано, информираат од матичната агенција Моделс Ин Менаџмент.

„Неодамна излегоа фотографиите за модниот магазин Collector. Токму за ова престижно модно списание, Јанушева ги претстави новите колекции на модните гиганти како Prada, Gucci, Sportmax и Alexander McQueen стилизирани од тамошниот тим.

Нашата Татјана, неодамна направи сериозен пробив во светскиот моделинг со последната кампања за брендот Miss Sixty.

Кариерата на интернационален моделинг ја започна во соработка со JS’ Management од Белград, под водство на фантастичната Јелена Ивановиќ.

Тоа беше сосема очекувано, бидејќи нејзината убавина и совршените пропорции едноставно се вклопуваа во модните побарувања за интернационални модели,“ велат од Моделс Ин Менаџмент.

Јанушева, се подготвува за новата сезона во Милано, каде што има договор со една од најдобрите светски модни агенции – NEXT Model Management.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Покренато обвинение против Мика Алексиќ: Обвинителство бара продолжување на притворот

Редакција

Ден на македонскиот јазик: Попусто го браниме од соседите кога со неписменост го уништуваме

Редакција

Агенцијата за стоковни резерви купи пченица од “Млин Аргулица“ за 2,1 милиони евра

Редакција