еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ќе чека: Рестриктивни мерки на локално ниво во зависност од бројките во следните три дена

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека согласно сите анализи констатирано е дека нема неконтролирано ширење на вирусот.

„Денеска се разговараше за евентуално воведување дополнителни рестриктивни мерки, но заеднички став беше дека ќе се почекаат податоците од следните два до три дена и потоа ќе се носи одлука. Во меѓувреме поинтензивно МВР да работи на контрола на теренот за имплементација на мерките кои се во сила“, информира Филипче.

Додаде дека за дополнителни рестриктивни мерки се сметаат ограничување на движењето во смисла на карантин за одредени делови каде има поголем број дијагностицирани пациенти и воведување полициски час и тоа локализирано.

Еден од главните проблеми со кои се соочуваат, потенцира министерот Филипче, е слабата соработка со дел од граѓаните, одбивањето да се тестираат, да се пријават во болница дури и кога имаат. Апелираше дека сите мора да се придржуваат до препораките и да даваат целосни и вистинити информации до надлежните.

Комисијата за заразни болести ја анализирала состојбата во изминатите две недели по што било заклучено дека и покрај високите бројки на новозаразени како што рече Филипче, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, а тоа значи дека поголем дел се со лесна клиничка слика и можат да се лекуваат во домашни услови или еден добар дел се асимтопатски носители.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче потсети дека полицискиот час се укина врз основа на анализата и  проценката на состојбата во врска со новодијагностицираните  пациенти, меѓутоа и  врз основа на времетрањето на истиот и тоа што беше очекување во однос на ефектот.

„Добар дел од сега новодијагностицираните пациенти се практично луѓе што  имале комуникација и што биле заразени со трансмисија на вирусот кога имаше ограничување на движењето.

Податоците што ги даваат во епидемиолошките анкети укажуват дека имало практично прекршување на тие мерки што тогаш биле и во однос на прекршување на движење и во однос на собирите. За тоа се пример семејните собири и секако превентивните мерки во однос на носењето на маските.

Ние во еден момент мораме да ги попуштиме рестриктивните мерки тие што тогаш беа на сила, но интензивно ја следиме секојдневно ситуацијата и како што кажав доколку има потреба согласно податоците, согласно локацијата каде се детектираат новите пациенти начинот на трансмисија дали тоа бара или не некаква дополнителна рестрикција во движењето комисијата е спреман тоа да го  препорача.

Морам да кажам дека огромен дел од сите новодијагностицираните практично кажуваат дека не се придржуваат до мерките за дистанца и носење на заштитна маска“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Со корона вирусот би можеле да живееме до 2025

Филипче: Најголем дел од новозаболените се без симптоми или со лесна клиничка слика

Во потешка состојба 28 пациенти заболени од корона вирусот

Филипче: Вирусот ќе го победиме со многу дисциплина, не можеме вечно да живееме во карантин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска пресуда за тужбата за клевета на Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Починаа уште четири лица од Ковид-19, вкупно 760

Редакција

29-годишно момче загина на патот кон Козјак, со моторот излетал од патот

Редакција