еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Вирусот ќе го победиме со многу дисциплина, не можеме вечно да живееме во карантин

Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа – вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките. Оние кои не веруваат во ова треба да ја погледнат состојбата во Општина Дебар. Дебар беше прва општина која влезе во карантин, а денес е општина во која со недели нема ниту еден нов случај. Ова е заслуга на граѓаните и нивното дисциплинирано однесување, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

Ние, како што наведува Филипче, не можеме вечно да живееме во карантин, бидејќи тоа е штетно за менталното здравје на граѓаните, за економија, за целото општество.

„Имаме два избори, или ќе го продолжиме да го враќаме животот во нормала почитувајќи ги безусловно мерките или ќе се враќаме назад кон силни рестрикции. Изборот е наш.

Друг излез од оваа состојба, за жал не постои. Јас силно верувам дека ќе избереме да го нормализираме животот заштитувајќи го нашето лично здравје, колективното здравје и здравствениот систем.

Затоа уште еднаш апелирам, да се воздржиме од групирање и да одржуваме дистанца, да сме внимателни и да носиме заштитна опрема и да се грижиме за личната хигиена“, пишува Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десетмечното бебе од Македонија поради компликации од Ковид-19 почина во Швајцарија, позитивна на вирусот и баба му во Скопје

Пет новопочинати од корона вирусот, меѓу нив и десетмесечно бебе

Неодговорните граѓани и тие што не веруваат дека постои корона вирусот на крај ќе не остават и без леб

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Роднини на градоначалничката на Арачиново и се заканувале на екипата на ТВ21, ЗНМ го осуди инцидентот

Редакција

Нови 326 случаи на Ковид-19 од 2.562 тестирања

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција