еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не сум учествувал на никакви тајни средби: Груевски го демантира Ахмети

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој откако избега во Унгарија, таму стана азилант, го демантира лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој тврди дека имало неколку тајни средби помеѓу него, Груевски и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев за измените на Кривичниот законик, кои ја брануваат јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев, Груевски и Ахмети имале тајни средби за измените на Кривичниот законик, тврди лидерот на ДУИ

-Никакви тајни средби немало за членот 353 на кои јас сум учествувал.

Членот 353 како несоодветен на кривичното законодавство во ЕУ е споменуван неколку пати на маргините на други состаноци организирани за правни прашања на различни нивоа до 2018 година, но никогаш не се влезе во некоја фаза на реализација, бидејќи во тоа време приоритет на власта беше што посилен да е политичкиот прогон, а не усогласување на законодатвстото со ЕУ, особено ако тоа може да им попречи во злосторничките намери на Зоран Заев.

За средбите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прекинало “пред 3-4 години” како што наведе Али Ахмети во неговото интервју, не можам да се произнесам, бидејќи во тој период јас не сум во Македонија, а по моето заминување од Македонија новото раководство целосно ме екскомуницираше и немам никаков контакт или информација за нивните активности и одлуки, освен од медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски го демантира Пендаровски: Од никого не сум побарал да бара амнестија за мене

Оттука сите оние кои говорат за некакви мои контакти, комуникација, средби, или влијание на одлуките на ова раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се онолку неточни колку и истите такви лаги дека во изминатиот период сум имал наводни средби со преставници на власта, за преговори за едно или за друго прашање, напиша Груевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев вели дека Ахмети лаже за тајните средби со Груевски за измените на Кривичниот законик

Во „Титаник“ ќе потоне делото „злосторничко здружување“ за Груевски, но му остануваат другите дела

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проблемот со уличните кучиња станува алармантен: Треба ли уште некој да загине, за да се реши

Редакција

Убава вест: Оздравени 143 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Аеродром 257, Карпош 242, Центар 265: Детален преглед на состојбата со активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција