еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во „Титаник“ ќе потоне делото „злосторничко здружување“ за Груевски, но му остануваат другите дела

На денешното рочиште за случајот „Титаник“, во кој обвинетите меѓу другото се товарат и за делото злосторничко здружување (за кое казната затвор со измените во Кривичниот законик се намалија од 10 на 3 години), воопшто не беа спомнати законските измени, пренесува Мета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои судски предмети застаруваат со измените на Кривичниот законик

Со новите законски измени, практично е настанато застарување на ова дело за обвинетите Никола Груевски и Кирил Божиновски, но тие се товарат и за други кривични дела, па оттаму, судењето ќе продолжи.

На денешното рочиште се сослушувале сведоци, но ниту обвинителката, ниту одбраната не го отвориле прашањето за застарување на делото злосторничко здружување.

Обвинителката Лиле Стефановакако што објави ТВ Телма, во разговор со новинарите објаснила дека ќе се произнесе во завршниот збор. Тогаш се очекува да го повлече обвинението за злосторничко здружување, а судот застареноста ќе ја констатира во пресудата.

Според Стефанова, судењето за „Титаник“ во секој случај треба да продолжи затоа што обвинетите одговараат и за други кривични дела кои се поврзани со изборите и нема да има дополнителни трошоци.

Експремиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, освен за злосторничко здружување, дело кое со законските измени застарува, им се суди и за повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Поранешните министри за транспорт и врски Миле Јанакиески и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска признаа вина за овој случај.

Следното рочиште е закажано за в среда, а од Обвинителството тврдат дека во секој предмет поединечно ќе одлучуваат како ќе постапуваат по измените на Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски откри кој од него барал амнестија за Груевски

Мета/Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Редакција

Приведени девет лица за престрелката во Куманово

Редакција

Поскапува Екстра лесното масло за домаќинствата, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Редакција