еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Стихозбирката „Исихија“ на Невчева, добитничка на наградата „Бели Мугри“, ќе биде промовирана во среда

Цветанка Невчева ја доби наградата „Бели мугриˮ за поетска книга на млад автор до 35 години, која ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацинˮ и истата е дел од Едицијата: „Бели мугриˮ 2024.

Стихозбирката „Исихијаˮ ќе биде промовирана на 4. декември (среда) во 19 часот во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацинˮ- Скопје, каде ќе се одржи Книжевната манифестација „Деновиˮ, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

„Слушни ја тишината во тебе, за да се осознаеш самиот себе. Тишината си ти!,“ е пораката на стихозбирката „Исихијаˮ до читателите.

Стихозбирката „Бели мугриˮ од Кочо Рацин излезе од печат пред 85 години. По тој повод Филип Димкоски состави рецитал од неколку песни од стихозбирката „Бели мугриˮ. Рециталот ќе биде изведен во рамките на манифестацијата “Деновиˮ од страна на актерите: Марина Поп Панкова и Христијан Поп Симонов. Свој музички настап ќе има и гудачкиот квартет – Пламенка Трајковска.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Издавачката куќа „Арс Ламина“ со повеќе од 300 нови наслови на „Саемот на книга“ во Скопје

Редакција

А1 Македонија со уникатен настан за љубителите на филмот: A1 Drive-in кино од 29 септември до 5 октомври

Редакција

Емотивна и интимна изложба на фотографии на Влатко Деков во НЛБ Галерија

Редакција