еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски оди во домашен притвор

Врховниот суд информира дека ја уважил жалбата за пртиворот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и тој од затворот во Шутка оди во домашен притвор.

„По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост,“ информираат од Врховен суд.

Неговиот адвокат Туфегџиќ по седницата рече дека се уште нема докази против Ѓорчевски, а осомничениот не може да се даде во бегство, бидејќи пасошот повеќе не му е важечки и дека соработува со Обвинителството во истрагата за убиството на неговата ќерка.

Александар Ѓорчевски изјави дека „бил обвинуван за работи кои не ги разбира“.

„Ми одземаа се и бев прикажуван каков човек и татко сум. Веќе не сум ни родител, ни татко. Ехо од човек остана од мене,“ рече Ѓорчевски, кој според изјавата на неговиот адвокат, немал контакт ниту со другата ќерка, и затоа било поднесено барање до Центарот за социјална работа,

Адвокатот Туфегџиќ рече дека Ѓорчевски два пати бил подложен на тортура и завршил на клиника и дека за тоа е известен Хелсиншкиот комитет од кој се чека извештај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Новата амбасадорка на САД Кејт Бирнс и сопругот им се претставија на македонските граѓани

Редакција

Само лицата над 60 години кои се вакцинираа во Србија со „АстраЗенека“, ќе се ревакцинираат во Македонија

Редакција

Пепиќ, Алими, Дурловски, Додевски и Ченто тврдат дека не се виновни за насилството во Собранието

Редакција