Жито Полог АД Тетово во првите девет месеци од годинава остварил загуба од 27,181 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2024 година изнесуваат 183,127 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат намалување за 1 %.
Во структурата на приходи најголемо учество 96% имаат приходите од продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат намалување за 4 %.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2024 година изнесуваат 202,055 илјади денари и во споредба со истиот период во 2023 година бележат зголемување за 11 %, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Софија градба„ продаде 2.875 акции во “Жито Полог“, ги купи “Нефроплус медикал„
Орка холдинг излезе од Жито Полог, Тони Јосифовски и Сашо Босилков купија акции на Друштвото