еМагазин
Спорт ТОП СТОРИИ

УЕФА отвори истрага против Даку за националистичките скандирања против Македонците

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) објави дека отворила истрага против албанскиот репрезентативец Мирилинд Даку во врска со националистичките скандирања против македонската држава по завршувањето на дуелот на Европското првенство меѓу Албанија и Хрватска.

Даку, кој е роден во Косово, по завршувањето на натпреварот се упати кон трибините на стадионот во Хамбург, Германија, и преку мегафон ги навредуваше Македонците и македонската држава, а потоа ги повика во тоа да му се приклучат и навивачите на албанската репрезентација.

Паралелно со истрагата против Даку, УЕФА соопшти дека отворила истрага и за расистичко и дискриминаторското однесување на хрватските и албанските навивачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Албански фудбалер ги опци Македонците, ФФМ бара да се извини, а УЕФА да го казни

(Видео) Косовски новинар избракан од ЕП поради провокација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР забрани влез за европратеникот Ковачев и Врабевски, реагираше бугарското МНР

Редакција

Португалската фадо дива, Мариза, доаѓа во Скопје

Редакција

Се уште активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула, 26 се изгаснати во изминатото деноноќие

Редакција