Во голем дел од нашите општини има запуштени паркови, исушени растенија, жолтата боја доминира наместо зелената. Тревници кои не се одржуваат, несоодветен избор на насадени растенија, недостаток на план и хармонија во хортикултурното уредување. И тоа негативно ни се одразува на здравјето, на чувтсвата и емоциите.
Уредените паркови, дрвореди, зелени скверови се белите дробови на една општина. Тие придонесуваат за подобaр квалитет на воздухот (намалување на прашина и ПМ10 честички) за намалување на загадувањето. Затоа треба да ги имаме во што поголем број, и да ги одржуваме.
Колку една општина има повеќе уредени зелени површини, паркови и дрвореди, кои се добро осмислени и редовно се одржуваат, толку таа општина создава подобри услови за живот за своите граѓани. Зелените простори поттикнуваат социјална интеракција и дружење и се место за собирање и зближување.
Тие создаваат пријатна атмосфера и ни носат чувство на мир и задоволство. Не е случајно зошто источните народи толку многу време посветуваат на хармонично уредување на својата потесна околина, а јапонските градини претставуваат едни од најпосакуваните места за уживање. Тоа е така бидејќи нашата среќа е поврзана со сетилото за вид и мирис кои најдиректно влијаат на нашето однесување и енергија.
Одржуваните и уредени зелени површини влијаат на чувството на среќа на граѓаните во една општина!
Граѓаните заслужуваат квалитетен и хармоничен живот!
Истите редовно да се одржуваат, посебно во услови кога зелените површини се лимитирани, за сметка на станбената инфрастуктура. Исто така ниедна одговорна општинска администрација не смее да дозволи да се садат скапи растенија и садници, а потоа тие да не се одржуваат. Исто така погрешно е да се садат садници и дрвца кои се несоодветни за избраната локација,кои може брзо да се исушат и пак да се има запуштен и несоодветен простор.
На долг рок е поисплатливо и поекономично општината да склучи договор со приватна компанија, реномиран градинарски центар кој има капацитет и знаење да посади дрворед, да креира парк и истата зелена површиба да ја одржува на долг рок. Општината на ваков начин заштедува, а граѓаните имаат убава и зелена околина.
Градинарскиот центар ФОЈА ги охрабрува и им стои на располагање на сите општини, заинтересирани сопственици на градини, компании со својата експертиза да се јават во Фоја, за идеен проект (за паркови, дрвореди, пошумување, селени скверови), и да добијат корисни информации дека уредувањето на зелени површини и не е така скапа инвестиција, и дека се е полесно кога тоа ќе го реализираат професионалци. Експерти за хортикултура, градинари кои во текот на годината ќе се грижат за зелените површини.
Постои можност да се уреди зелена површина со помалку средства!
Не мора многу пари да се вложуваат во зеленило. Но за жал има бројни проекти кои се бизарни, со несоодветен избор на растенија, реализирани со недоволно познавање за нивното правилно позиционирање и одржување, кои за кратко време се уништуваат.
А се може да биде поинаку. Важно е правилното распоредување на растенијата, да се внимава на изборот според тоа дали местото е сенковито или сончево, да се користат помали и соодветни култури за местото и позицијата и доколку станува збор за поголема површина задолжително вградување на систем за полевање, што ќе го олесни одржувањето во иднина.
Зелениот простор треба да има хармонија, мора да има рамнотежа, комбинација од зимзелени и листопадни растенија. Растенијата да бидат адаптабилни од сите аспекти, пред се на климатските влијанија (топлина, влажност, светлина) на тој простор и на крај сето тоа да биде декоративно, убаво за око.
Тајната на убаво уредените градини е во правилното одржување!
Правилниот избор на растенија, посветеноста и навременото одржување е рецепт за зелена површина со полн сјај, која плени воздишки.
Зградите во населбите се сѐ погусти, улиците се помали, недоволно место за паркирање и се на сметка на зеленилото, е честата слика во нашите општини. Според законската регулатива за градење има одреден коефициент што треба да опфаќа зеленило во однос на станбениот простор, но тоа се помалку се почитува.
Квалитетот на живот во една општина зависи од тоа колку имаме зелени површини, дрвореди и паркови, и колку тие се одржуваат!
Одржувани дрвореди и паркови се сликата за една општина и показател за способноста на општинската администрација!
ПР-објава