еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Усвојувањето на законски прописи е најголем предизвик за земјите за имплементација на главните научни иновации, вели првиот човек на Филип Морис Интернешнал, Олчек

Известувач од Нојшател, Швајцарија за еМагазин.мк, Силвана Жежова

Ако речеме дека пушењето цигари е штетно, не сме кажале ништо ново, бидејќи тоа сите го знаат. Наспроти овој научно докажан факт, повеќе од една милијарда луѓе се уште пушат. Најдобро е да се откажат, но огромен број од нив или не се одлучуваат за тој чекор.

За оваа категорија на пушачи, Филип Морис Интернешнал пред 10 години го претстави IQOS (Ајкос),  производ кој што научно е докажано дека е подобра алтернатива отколку цигарите. Денес, има повеќе од 28 милиони корисници ширум светот, и е најпродаваниот производ од портфолиото на компанијата, кое содржи повеќе производи без чад.

Статистиката на компанијата говори дека, околу 72% од луѓето кои се префрлиле на Ајкос, престанале да пушат цигари. Од Филип Морис Интернешнал веруваат дека преку вистинските регулаторни рамки, дијалози, поддршката од граѓанското општество, продажбата на цигари ќе заврши за 10 до 15 години, во многу држави. Целта на компанијата е производите без чад да учествуваат со две третини од вкупните приходи во 2030 година.

Во насока на создавање на иднина без чад, извршниот директор на Филип Морис Интернешнал Јацек Олчак, на овогодинешната конференција Technovation, која традиционално се организира во научно-истражувачкиот центар во Нојшател, Швајцарија истакна дека за да се намали штетата од пушењето, во компанијата препознале можност за инвестирање во иновативни производи кои се многу подобра алтернатива. Потпирајќи се на науката и технологијата, компанијата создава производи кои се многу помалку штетни, отколку да се продолжи со пушење.

30 години иновации, 10 години прогрес

Податоците од компанијата говорат дека од 2008 година, Филип Морис Интернешнал инвестирале 12,5 милијарди долари за да развијат научно базирани иновативни производи без чад и заклучно со јуни 2024 година, производите без чад се достапни за продажба во 90 пазари. Делот на бизнисот посветен на производи без чад сочинува 38% од вкупните приходи на Филип Морис Интернешнал, во вториот квартал на 2024 година.

„Целата приказна започна многу порано од пред 10 години. Постоеше идеја, концепт, развој на технологии, иновации. Вложуваме во развојот на производите и подобрување на нивните перформанси.  Во создавањето на производите е употребено многу знаење, инвестиции, истражувања,“ истакна Олчак.

Според него фрустрирачки е што општеството во континуитет ги одбива иновациите.

„Ова е здраворазумска солуција, која треба да биде поддржана од другите, вклучително академската заедница, здравствените власти и владите. Луѓето треба континуирано да бидат едуцирани за ризиците од пушењето, но исто така треба да им се каже дека постојат алтернативи.

Најголемиот проблем е што паметните луѓе кажуваат глупави работи па велат дека овие производи се исти како цигарите. И овие работи не ги кажуваат зад затворени врати туку во јавноста па пушачите, граѓаните, конзументите ги восприемаат сите овие информации.

Во тој случај доколку пушачите слушнат дека ништо нема да се промени каде е мотивацијата за  да направат промена,“ потенцираше Олчак

Оттука, според него е важно да ја слушаме науката, но многу политики на држави се косат со научно докажани факти. На пример, иако науката докажала дека пушењето цигари е штетно, во многу држави тоа се поттикнува, со тоа што луѓето не се доволно информирани или се погрешно информирани за алтернативни производи. Општеството мора да се „бори против силите кои нè влечат надолу“, наместо да се читаат научни истражувања и да се донесуваат заклучоци.

„Тука повеќе не се работи за наука, туку дали може да го отворите умот и да размислувате логички. Постои наука против цигарите, се дозволуваат цигари, постои наука за производи без чад не ги дозволуваат овие производи. Дали се работи за наука или за нешто друго?,“ додава Олчак.

Според него потребно е да се биде внимателен кога се изнесуваат информации во јавност, за да не предизвикаат последици, а всушност има последици бидејќи се формира јавно мислење.

„. Пред 10 години, науката беше нова, луѓето немаа време да погледнат во неа, и тоа го разбирам. Но фактот дека по 10 години подоцна се нема време да не се погледне во науката, ме прави тажен. Постојат огромен број на информации, научни факти и луѓето треба да си направат сопствени истражувања. Постојано треба да се бориме со силите на глупавоста кои нèе влечат надолу,“ потенцира Олчак.

Тој смета дека регулаторните одложувања во многу области, како што е јавното здравство, го одложуваат усвојувањето на иновациите. Олчак прашува кој ќе ја презеде одговорноста за потрошените следни 10 години, бидејќи секое одложување, значи продолжување на животот со цигарите и болестите поврзани со нив.

„Имплементацијата на сите главни научни иновации, како што се алтернативите без чад, меѓу другото, бара време, а најголемиот предизвик за земјите е усвојувањето законски прописи. Затоа е важно да ја слушаме науката и законодавството да ги следи иновациите со исто темпо, бидејќи во спротивно времето потрошено oстанува – потрошено време. Регулаторните одложувања во многу области, како што е јавното здравство, го одложуваат усвојувањето на иновациите. Ова го продолжува животот на цигарите и болестите поврзани со нив. Не треба да ги одложуваме или да ги отфрлиме можностите да прифатиме производи кои можат да ја намалат штетата“, рече Олчак.

Тој смета дека носителите на одлуки треба да го стават пушачот во центарот на проблемот и да се запрашаат што можеме да направиме за нив.

„Ние го ставаме конзументот, пушачот во центар и се обидуваме да испорачаме производ кој од една страна ќе го адресира проблемот со штетноста, а од друга страна промената во однесувањето, бидејќи почнување со пушење е промена во однесувањето, оставањето на пушењето е промена во однесувањето, да се префрлиш на алтернатива е промена во однесувањето,“ потенцира тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забраните не се солуција, за прифаќањето на иновациите потребно е отворен ум и дискусија базирана на докази

Масимо Андолина, претседател на регионот Европа во ФМИ: Сè повеќе луѓе, свесни за здравствените последици од пушењето, се префрлаат на IQOS

Филип Морис Интернешнал ја одржа традиционалната конференција „Technovation“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оставката е лична работа на Мерко, Собранието не ги оценува ставовите на дипломатските претставништва, вели Џафери

Редакција

Силјановска Давкова ќе оди во Ватикан и Рим, ќе се сретне ли и со Радев?

Редакција

Како се движела цената на акцијата на Алкалоид во третиот квартал

Редакција