еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Фото+Видео) Папата Франциск погребан во „Санта Марија Маџоре“

Папата Франциск денеска беше погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“, а на погребната миса пред базиликата Св.Петар присуствуваа околу 250.000 лица, велат проценките на Ватикан.

Ковчегот на папа Франциско беше превезен со папамобил до „Санта Марија Маџоре“ каде што продолжи погребот, кој беше затворен за јавноста.

Мисата ја предводеше кардинал Џовани Батиста Ре, а учествуваа 220 кардинали и 750 бискупи и свештеници близу до олтарот, додека повеќе од 4.000 други свештеници учествуваа во концелебрацијата на плоштадот.

Кардинал Ре зборуваше за ликот и делото на папата Франциско. Тој нагласи дека папата бил таков човек што секогаш стоел меѓу народот.

„Имаше различен начин на однесување кон луѓето, дури и кон оние кои биле далеку од Црквата. Со голема сила говореше дека сите припаѓаме на светската семејство и дека никој не може да се спаси сам.

Имаше навика да ги завршува своите говори со молба да се молиме за него, а сега, драги папа Франциск, молиме за тебе да молиш за нас и да не благословиш од небото, како што го направи тоа минатата недела во последниот преграт на народот“, рече кардиналот Ре.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vatican News (@vaticannews)

Папата посвети големо внимание на бегалците и мигрантите лично интервенирајќи да им помогне на барателите на азил и притискајќи ги владите да направат многу повеќе за да помогнат, ги критикуваше земјите кои ги избегнуваат мигрантите. Постојано зборуваше за сиромашните и маргинализираните.

Меѓу присутните на церемонијата беа над 150 шефови на држави меѓу кои претседателот Доналд Трамп, првата дама Меланија Трамп и поранешниот претседател Џо Бајден, како и бројни други светски лидери, меѓу кои претседателот на Франција, Емануел Макрон и неговата сопруга Бриџит, украинскиот претседател Володимир Зеленски со сопругата Олена, британскиот принц Вилијам, претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лејен, унгарскиот премиер Виктор Орбан, италијанската премиерка Џорџа Мелони, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи

На погребот присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Сиљановска Давкова на погребот на папата Франциск се запозна со Доналд Трамп и Меланија

Конклавата за избор на нов папа ќе се одржи 15 до 20 дена по смртта на папата.

Водачот на католичката црква почина на 21. април на 88-годишна возраст, откако претрпе мозочен удар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vatican News (@vaticannews)


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова утре ќе присуствува на погребот на папата Франциск

Фото/Видео: Vatican Media

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку 35 загинати по уривањето на надвозникот во Џенова

Редакција

САД забрани увоз на руска нафта и гас

Редакција

На Клиниката за гинекологија 61-годишна жена го роди своето прво бебе, зачнато ин витро

Редакција