еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

Со преку 3.600 бизнис клиенти и партнери, ЕВН Снабдување го одбележува десетгодишното постоење на слободниот пазар на електрична енергија, информираат од компанијата.

Со својата експертиза, партнерски пристап и искуство, компанијата е една од водечките на слободниот пазар на електрична енергија во земјава, велат од таму.

Како членка на Групацијата ЕВН, која има големо искуство стекнато на преку 25 пазари во Југоисточна Европа, ЕВН Снабдување понуди уникатни услуги дизајнирани по мерка на компаниите.

„Компаниите бараа партнер кој може да ги пресретне и следи динамичните промени на пазарот и да биде поддршка во нивниот развој. Со својата секојдневна работа и голема посветеност, тимовите на ЕВН Снабдување изградија одлични позиции на пазарот, а се надевам дека во иднина ќе остварат уште подобри резултати со што ќе придонесат кон натамошен развој на пазарот“, истакна Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Партнерите и клиентите на ЕВН Снабдување добиваат лична услуга која менаџерот за клучни корисници на ЕВН Снабдување со неговиот тим ја дизајнираат според нивните потреби. Овој пристап е високо ценет на пазарот, а на партнерите им овозможува стабилен развој преку оптимизација на трошоците и зголемување на продуктивноста и ефикасноста, посочуваат од таму.

„Ние сме и остануваме доверлив партнер на пазарот, продолжувајќи да креираме најдобри решенија и понуда, овозможувајќи раст на нашите партнери и развој на националната економија. Заедно со нашите партнери и во иднина успешно ќе ги пресретнуваме сите предизвици“ истакна Роланд Циглер, менаџер во ЕВН Снабдување.

ЕВН Снабдување има над 45% пазарен удел, а за уште поголема стабилност и унапредување на понудата на пазарот, инвестираше во сопствени капацитети од 180 MW електрична енергија од обновливи извори, додавајќи ѝ нова вредност на компанијата. ЕВН Снабдување обезбедува поддршка на своите партнери 24 часа во денот, 365 дена во годината.

„Деталната анализа на пазарот и поединечниот пристап што го развивме за секоја компанија со која соработуваме, ни даваат можност да создадеме квалитетна долгорочна врска со нашите партнери, која креира нови потенцијали за развој. Дополнителните услуги што ги нудиме за нашите партнери се додатен бенефит кој креира долгорочен раст“, истакна Беркант Шен, менаџер во ЕВН Снабдување.

Со дополнителните уникатни услуги што ги нуди на пазарот, ЕВН Снабдување дава сериозен придонес за развој на општеството во целина, велат од таму.

Компанијата преку своите активности придонесе за развој на електромобилноста и во соработка со општините изгради сериозна инфраструктура за електромобилност во 17 градови низ земјата. Електрични полначи се поставени на јавни површини, во хотели и трговски центри, со што се создадоа услови за поголемо користење на електричните возила и за поголема заштита на животната средина.

Преку услугата за енергетска ефикасност, тимовите на компанијата изработуваат решенија со кои се намалува потрошувачката на електрична енергија, додека услугата виртуелен производител овозможува автоматско управување на централи на обновлива енергија приклучени на електродистрибутивната мрежа, со што се оптимизираат трошоците, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова провокација од бугарскиот претседател, Македонија ќе станала демократска држава кога ќе ги впишала „сонародниците“ на Гоце Делчев

Редакција

Македонци крадат куфери во Египет!

Редакција

Бесплатно паркирањето за возилата со српски и турски регистарски таблички во Охрид

Редакција