еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Росица Мршиќ со нова капсуларна колекција со хуманитарен карактер

Модната дизајнерка Росица Мршиќ ја лансира новата лимитирана капсуларна „Bloom“ колекција со која го продолжува својот моден израз на употреба авторски дизајнерски решенија и принтови во своите колекции.

Изработена со голема посветеност и внимание и „нула” отпад во производствениот процес, оваа колекција на женски блузи е со препознатливи рачно изработени детаљи, карактеристични за дизајнерката, и безвременски дизајн.

Блузите се изведени во прилагодлив крој за да одговараат на сите величини, изработени од памук во бела и црна боја. Bloom колекцијата е создадена да ја мотивира женската индивидуалност и креативност.

Блузите можат да се комбинираат со различни парчиња облека за постигнување софистициран изглед за различни прилики во текот на целиот ден.

Колекцијата, освен што е направена според принципите на општествено одговорна изработка има и хуманитарен карактер, 10% од секоја продадена блуза од оваа колекција, е наменета за помош на децата во СОС детско село Македонија.

Росица Мршиќ е интернационално наградувана македонска дизајнерка, активна со својот бренд уште од 2008 година на домашниот и странскиот пазар.Таа применува соработка со домашната модна индустрија, со уметници, артизани, лица од ранливи категории во изработка на своите колекции и модни додатоци и создава колекции во соработка со други брендови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Граѓани ќе блокираат патишта за да Бугарите не стигнат до гробот на Гоце Делчев на 4. февруари

Редакција

Спасовски: Заканата во следните две недели е страшна и радикална, пикот од 2.000 до 2.500 заболени

Редакција

Периодот на ревакцина со „АстраЗенека“ од 12 се крати на шест недели, најави Филипче

Редакција