еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Salvatore, нов италијански ресторан во Скопје

На падините на Водно, во елитниот комплекс „Panorama Residence“ започна со работа новиот ресторан „Salvatore All Day Italian Restaurant & Bar“. Љубителите на вкусни италијански специјалитети и квалитетно вино отсега имаат ново место за уживање далеку од градскиот метеж.

Во пријатна и релаксирана атмосфера, новиот ресторан со својот уникатен стил и дизајн, распространет на над 350 квадратни метри, во детали ги отсликува италијанската префинетост и култура.

Располага со капацитет од 105 места, распоредени во затворениот и отворениот дел на ресторанот. Целокупниот персонал е максимално посветен да обезбеди квалитетна услуга, со цел да се чувствувате удобно и во пријатна атмосфера да уживате во вкусната храна и вино.

Градски ресторан за секоја пригода

Уникатноста на „Salvatore“ е во тоа што е конципиран да понуди различен спектар на менија и сетинзи, од наједноставни до најлуксузни. „Salvatore“ ќе биде ресторан за секоја пригода – од едноставно уживање со апетисани и пијалак, место каде што можете да го испиете вашето утринско кафе, да закажете ручек и вечера со колегите и соработнците, до ресторан во кој можете да го организирате вашиот деловен настан.

Ресторанот содржи и фитнес-мени со различни протеински оброци и освежителни пијалаци, па „Salvatore“ е вашето идеално место за одмор и релаксација по тренингот или прошетката на Водно со пријателите. Во отворениот дел на ресторанот, добредојдени сте да одморите по прошетката заедно со вашето милениче.

Уникатни рецепти од светски познатите италијански ресторани

Она што го прави единствен и уникатен ресторанот „Salvatore“ e широкиот избор на рецепти од италијанската кујна подготвени од Јакуп Томицин, професионален готвач со повеќе од 30 години искуство.

Јакуп Томицин има импозантна биографија, креирајќи ги менијата на светски познати ресторани, меѓу кои и познатиот синџир на ресторани „Paper Moon“ во Истанбул. Благодарение на неговото искуство и умешност, гостите во ресторанот „Salvatore“ ќе имаат можност да ги пробаат уникатните италијански рецепти, кои се подготвуваат во италијанските ресторани ширум светот.

За да се доживее целосно магијата на италијанската култура, гостите ќе имаат можност да уживаат и во уникатниот вкус на италијански и француски вина по најдостапни цени во градот.

Винското мени во „Salvatore“ е дел од ексклузивната колекција на компанијата „Алхемист“, која содржи внимателно избрани етикети на најпознатите производители на вина, како што се: „Valdo“, „Peyrassol“, „Dezzani“, „La Scolca“, „Rocca“, „Louis Latour“, „Tenuta Casenuove“.

Обезбедено паркинг-место преку специјалната услуга „Valet Parking

Мисијата на „Salvatore“ е да ја понуди најдобрата услуга за своите гости. Целта на ресторанот е гостите целосно да се препуштат на добрата храна и вино, а персоналот да се погрижи за секој детаљ. „Salvatore“ е единствен ресторан кај нас што ја нуди персонализираната услуга „Valet Parking“ преку која секој гостин може да го препушти автомобилот на посебен сервис кој ќе се погрижи за паркирањето.

Наскоро ресторанот ќе понуди бесплатна достава, промоции и попусти

Од самото отворање, ресторанот првично ќе понуди бесплатна достава за жителите на „Panorama Residence“, а наскоро „Salvatore“ најавува и комплетна бесплатна достава во градот. Корисниците на сите платежни картички на Стопанска банка АД Битола и Diners Advantage картичката имаат 20% попуст на услугите во ресторанот.

Ресторанот „Salvatore“ е лоциран во комплексот „Panorama Residence“, во таканаречениот „Panorama Square“, каде што се наоѓаат и најсовремен фитнес-центар, сауна и парна бања. За резервации и информации за ресторанот, јавете се на 02/3220-203. Сите новитети и промоции следете ги на профилот на Инстаграм, „Salvatore_skopje“.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бато енд дивајн“ го доби тендерот на Царинската управа за набавка на акцизни марки вреден 1,4 милиони евра

Редакција

Црвенковска да ги пријави сите притисоци или влијанија до институциите, порача Ковачевски

Редакција

Немаме информации дека во Бугарија е човек поврзан со убиството на Вања, велат од бугарско МВР

Редакција