еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако албанскиот јазик е засегнат, плоштадите во Скопје ќе бидат полни, се закани Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средба со граѓаните во Шуто Оризари изјави дека се уништуваат сите достигнувања на Албанците и дека ако уставните судии го допрат албанскиот јазик, сите Албанци ќе ги наполнат плоштадите во Скопје.

„Албанскиот јазик е засегнат, ако денеска се допре, нека знаат дека плоштадите во Скопје ќе бидат полни. Не знам како да предупредам, ние не создаваме криза. Не треба да се плашат, бидејќи не ја дестабилизираме државата.

Ако државата сака дестабилизација, предупредувам, допрете го албанскиот јазик, допрете ги достигнувањата на Албанците, немате гаранција од наша страна“, рече Ахмети.

Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 89 случаи на Ковид-19 од 1.271 тест

Редакција

Министерството за здравство без тендер склучи милионски договор со „Феникс фарма“ за набавка на инсулин

Редакција

Бугарската блокада извесна, Берлин продолжува да бара решение

Редакција