еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Акцијата „Нахрани 10.000“ денеска и утре ќе бидат на пунктови за собирање на храна за ранливи категории

По една година пауза акцијата „Нахрани 10.000“ се враќа, а се со цел да се собере храна за семејствата на кои им е потребна нашата помош.

„Денеска и утре (сред и четврток) нашите волонтери повторно ќе бидат на неколку пунктови и ќе ги чекаат вашите донации.

Овој пат нашите штандови ќе бидат поставени во Веро Џамбо и Веро Аеродром од 12.00 часот до 20.00 часот, па се надевам дека ќе нѐ посетители ќе донирате.

Нашите пријатели Љубезност и Адра ќе бидат во Веро Тафталиџе, Тинекс Првомајска и Тинекс Драмски, а Хуманитарно здружение Умиление Виница ќе ве очекува во Виница, Штип, Македонска Каменица, Злетово и Кочани.

Уште еднаш да го покажеме огромноро македонско срце и да помогнеме на нашите социјално загрозени браќа и сестри. Бог да ве благослови!!!,“ се вели во апелот на Хуманитарната организација „Св.Спас“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската организација Ц.С.И. Надеж дел од глобално движење на филантропијата

Редакција

Автобусот кој изгоре во Бугарија е на „Беса транс“, во него се превезувале лица кои се враќале од екскурзија

Редакција

Единаесет години од петкратното убиство кај Смилковско езеро: Двајца осудени на доживотен затвор, се уште се во бегство

Редакција