еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид за 1 милион долари купи малцински удел во јужнокорејската компанија Rophibio

Од Алкалоид АД Скопје преку Македонската берза информираа дека компанијата вложува во истражувачко-развојна компанија во Јужна Кореја.

-Алкалоид АД Скопје како интернационална генеричка фармацевтска компанија тежнее да биде присутен во сите сегменти на овој бизнис и да им понуди на здравствените системи и на пациентите достапност до што поголемо портфолио и типови на лекови по прифатлива цена.

Покрај вообичаените генерички лекови, Алкалоид АД Скопје има стратешка цел да настапи на пазарот и со биослични лекови.

За навреме да настапи во овој растечки бизнис-сегмент во фармацевтската индустрија, Алкалоид АД, преку докапитализација на своето новоформирано друштво Alkaloid Pharma International од Хрватска, се одлучи за вложување преку купување малцински удел во јужнокорејската компанијата Rophibio.

Преку ова вложување во Јужна Кореја, во противвредност од 1 милион американски долари, Алкалоид АД, покрај сопственичкиот удел во компанијата, ќе добие и право на првенство при лиценцирање на производите за регионите во кои има свои операции.

Земајќи го предвид потенцијалот на пазарот, како и искуството на тимот кој ја предводи компанијата Rophibio, Алкалоид АД донесе одлука за инвестиција во оваа истражувачкоразвојна компанија, која во моментов е во напредна фаза на развој на биослични лекови, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид регистрираше ново друштво во Казахстан, прва подружница на компанијата во Азија

(Галерија) Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје: Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ чекор понапред кон целосна дигитализација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Чак Норис на „гости“ кај Виктор Орбан

Редакција

Европратеникот Ќучук не даде дециден одговор за правата на Македонците во Бугарија

Редакција

Половина од германските компании во државата, ќе го намалат бројот на вработени ако недела биде неработен ден

Редакција