еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бајрами се гони и за сомнителни тендери во Државна лотарија за набавка на телевизори и принтери

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрани, кој е во бегство, доби нова кривична пријава.

Овојпат за фиктивни набавки тендери за набавки на телевизори и принтери.

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против него поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување, Соизвршителство за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен газдата на „Ритрон копи“ за тендерите за телевизори во Државна лотарија

Кривична за истиот случај заработи и Артан Ајрули, сопственик и управител на друштвото за производство, трговија и услуги Ритрон копи ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривичните дела – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство и Соизвршителство за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување.

Кривична доби и С.Р. , директор на секторот за продажба и комерцијални работи во Државна лотарија поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Проневера во службата.

Од Финансиска кривична доби и М.З., директор на секторот за информатички технологии во Државна лотарија поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Проневера во службата.

Кривична има и за фирмата Рирон копи поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство.

-Првопријавениот П. Б. во својство на претседател на Управниот одбор – генерален директор на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што во период од 2022 до 2024 година ги пречекорил границите на своите службени овластувања и со свој потпис одобрил исплата на фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема, кои фактури биле изготвени од второпријавениот А. А. во својство на сопственик и управител на петтопријавениот правен субјект ДПТУ Ритрон копи ДООЕЛ Куманово, иако истите биле свесни дека наведените телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема во фактурите не биле испорачани согласно предвидените модели во склучените договори за јавни набавки со АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија и на тој начин му овозможиле на второпријавениот А. А. и петтопријавениот правен субјект ДПТУ Ритрон копи ДООЕЛ Куманово да се стекнат со противправна имотна корист во вредност од 3.102.015 денари, што претставува штета на Буџетот на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија.

Второпријавениот А. А. во својство на сопственик и управител на петтопријавениот правен субјект ДПТУ Ритрон копи ДООЕЛ Куманово заедно со првопријавениот П. Б, во период од 2022 до 2024 година, ги повредиле прописите на постапката за доделување на договор за јавна набавка на начин што користејќи ги блиските пријателски односи однапред ги прилагодиле техничките спецификации за набавка на телевизори со цел да се осигураат дека за најповолен понудувач ќе биде избран петтопријавениот правен субјект ДПТУ Ритрон копи ДООЕЛ Куманово и се договориле какви типови, модели и количина на телевизори ќе се нарачуваат по основ на јавните набавки објавени од страна на Државна лотарија пред воопшто да бидат објавени постапките за јавни набавки.

Второпријавениот А. А. тие информации ги искористил за однапред да изврши увоз на типови и модели на употребувани телевизори по договорените количини, со што бил доведен во поповолна положба во однос на сите други понудувачи во спроведените постапки за јавни набавки и тоа со број на оглас 15018/2022, 05226/2023 и 13530/2023 на телевизори за инсталација на електронски игри, со што првопријавениот П.Б му овозможил на второпријавениот А. А и петтопријавениот правен субјект ДПТУ Ритрон копи ДООЕЛ Куманово да се стекнат со противправна имотна корист по три склучени договори за јавни набавки на телевизори во вкупна вредност од 12.980.000 денари.

Третопријавениот С. Р, во својство на директор на секторот за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, во периодот 2023 – 2024 година, потврдил дека примил 107 телевизори од различни модели за организирање на електронски игри на среќа во вкупна вредност од 5.008.562,50 денари, од петтопријавениот правен субјект ДПТУ Ритрон копи ДООЕЛ Куманово, за што потпишал испратници и записници за прием на телевизори кои што воопшто не се евидентирани во магацинот и кои што по извршениот вонреден попис не постојат и не може физички да се пронајдат во деловните простории на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РСМ, ниту пак во деловните простории на деловните соработници.

Четвртопријавениот М.З , во својство на директор на секторот за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, во периодот 2023 – 2024 година, потврдил дека примил принтери, компјутерска и комуникациска опрема во вкупна вредност од 1.763.720,50 денари, од петтопријавениот правен субјект ДПТУ Ритрон копи ДООЕЛ Куманово, за што потпишал испратиници и записници за прием на истите, кои што по извршениот вонреден попис воопшто не се евидентирани во магацинот, ниту пак во деловните простории на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РСМ.

Со вака преземените дејствија, третопријавениот С. Р , во својство на директор на секторот за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија и четвртопријавениот М. З, во својство на директор на секторот за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија го оштетиле на Буџетот на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија во вкупна вредност од 6.772.283 денари, информираа од Финансиската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И вработен во Финансиската полиција осомничен за криминалот во Државна лотарија

(Фото) Меѓународна потерница за Груби и Бајрами

Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пановски за смртноста на младите од Ковид-19: Починати од 20 до 40 години имаше и претходно, статистиката треба да каже дали сега се повеќе

Редакција

Петличковски: Голем дел на високата смртност од Ковид-19 се должи на нашето запоставено здравје

Редакција

Хан по објавувањето на снимките за “Рекет“: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Редакција