Меѓу протераните 13 странски државјанки пред неколку дена од Србија е и македонската државјанка Искра Росо, извршна директорка на здружението на граѓани за поддршка на лица со попреченост „Солем“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со Хрватките, од Србија протерана и Македонката Искра Росо
Тие според српските власти беа протерани од земјата, бидејќи биле “безбедносен ризик“ за Србија.
Росо за Радио Слободна Европа (РСЕ) вели дека во лобито од хотелот во кој присистувале учесниците на едукација, (организирана од австриската фондација „Ерсте штифунг“), кога се вратиле од излегување, од полицајци во цивила облека, од нив било побарано да се легитимираат.
-Не ја носев личната карта, па во присуство на полицаецот се качив до собата да ја земам. Нè однесоа во полициска станица. Таму седевме од 1 часот до 4 часот сабајле. Полицајците беа фини и културни, но никој не ни кажуваше зошто сме таму.
Во мојата група бевме тројца, јас и двајца колеги од Романија. Нас не нè испрашуваа. Но, првите четворица беа прописно испрашани – зошто се таму, со кого се“, вели таа за РСЕ, подвлекувајќи дека сето тоа било многу непријатно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонското МНР изрази загриженост поради протерување на македонската државјанка од Србија
Нов дипломатски судур помеѓу Хрватска и Србија, откако Белград протера пет хрватски државјанки
Фото: Фејсбук/„Солем“